Група од 20 момчиња од делчевската населба Милково Брдо веќе две недели се подготвуваат за одбележување на христијанскиот празник „Прочка“ или во народот познат како „Велики Поклади“. Сакајки да ја сочуваат традицијата која им останала од нивните дедовци која налага палење смреков оган на самиот ден „Поклади“, тие самоиницијативно се организираа и спроведоа акција за собирање смрека.

Во акцијата им помогнаа и повозрасните кои велат дека тоа го прават секоја година, се со една цел, младите да не го заборават она што останало од дамнина.

-Им помогнавме на нашите внуци во донесувањето на потребната количина смрека која е потебна за да се направи што поголем оган, вели жител на населбата Милково Брдо, кој додава дека традицијата налага по догорувањето на огнот младите момиња да извикуваат: - „На ти дедо главната за да ми дадеш момата“, додека девојките: - „На ти дедо клопчето да ми дадеш момчето“. Сето тоа останало од нашите предци и ние на некој начин преку младите го продолжуваме тоа што ни го оставиле во аманет.

Друг жител пак вели дека младите делчевци настанот го чекаат цела година.

-Уште на почетокот на февруари нашите деца почнаа да се организираат, некои собираа стари гуми од автомобили, други ја разгледуваа блиската шума и разгледуваа каде смреката е со најголем раст. Како што истакна жителот на Милково Брдо, тоа за нив е нешто кое како едвај да чекаат да дојде.

За да не остават ништо на случајноста младите делчевци направиле и настан на социјалните мрежи. На настанот ги покануваат сите добронамерници в недела на 26 февруари да дојдат на добро познатата локација во најпознатата делчевска населба и заедно да го одбележат празникот „Прочка“.

Најчитано: Флеш- Интересно

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна