Делчево е мало периферно гратче кое ги живее приликите и неприликите на современите општествени трендови кои се одразуваат по квалитетот на живот за неговите граѓани, но и непрегорен симбол на борба за подобро утре за Македонскиот народ.

Во срцето на етнолошкиот регион  Пијанец, распослано на двата брега на реката Брегалница, Делчево доживува своевидна бела чума со масовно исселување (најпрво сезонско а со тек на време и трајно) на голем број на млади делчевчани, кои не можат да се остварат себеси во ограничувачките микро услови за развој и егзистенција за себе и своите семејства.

Трендот на заминување пополека ги зафаќа и повозрасните делчевчани а во градот се поприсутна е глетката на натписи “Куќата се продава”.

Во едно такво невреме пред 7 години заживеа една автентична идеја за подобрување на културната и забавната понуда за младите во Делчево и тоа на еден поинаков вонинституционален начин различно од се она дотогаш на кое што беа научени младите во Делчево.

Забава од младите за младите, така како што тие сакаат,

-беше главен лајтмотив во наредните години на она што на почетокот беше копија на O-ZORA културниот феномен, за пота да мутира во автентично младинско движење на група млади делчевчани кои со свои пари, огромен труд и посветеност го создадоа своето чедо денеска гордо наречено “ДО ЗОРА”.

Општествениот контекст на целиот фестивал добива се пошироки димензии, анимирајќи околу себе голем број содржини кои го чинат уникатен по својата природа: волунтеризам, специфични уметности, креативни работилници, спектакуларни перформанси, граѓански активизам, бизнис соработка и се разбира она што претставува столб на постоењето на самиот фестивал е забавата, дружењето, љубовта и заедништвото.

Оваа година ДО ЗОРА фестивалот ќе се одржи за првпат во текот на две денонокија започнувајки од 10 до 12-ти август на градскиот базен во Делчево-поранешна дискотека Космос.

Од програмскиот дел првата вечер ќе биде резервирана за Техно артистите:

🔸 Samoil Radinski [ Logos Recordings ] 🔸

https://www.facebook.com/samoil.radinski
https://soundcloud.com/logos
>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

🔸 Bodan Jamakoski [ Audiobahn ] 🔸

https://www.facebook.com/bjamakoski
https://soundcloud.com/bodan-jamakoski

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

🔸 Goran Kan 🔸

https://www.facebook.com/DJGoranKAN/
https://soundcloud.com/goran-kan

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>
🔸 Maggie 🔸

https://www.facebook.com/butchym
https://www.mixcloud.com/maggiexx/
https://soundcloud.com/magi-popova

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

🔸 Viktor Apostolski 🔸

http://soundcloud.com/viktorapostolski
https://soundcloud.com/electrictone_electro

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

🔸 Mitrik [ Room 313 ] 🔸

https://www.facebook.com/cometomitrik/
https://www.mixcloud.com/mitriko/

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>
🔸 Denny Trajkov & Firma [ Mosaik Kollektif ] 🔸

https://www.facebook.com/official.mosaik.kollektif/
https://soundcloud.com/denny-trajkov ,
https://soundcloud.com/saramandov ,
https://www.residentadvisor.net/dj/dennytrajkov , https://soundcloud.com/mosaik_kollektif

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>
🔸 KOX [ Soundscape EP ] 🔸

https://www.facebook.com/koki.jovanovski
https://soundcloud.com/koxjovanovski

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>
🔸 Blendimore 🔸

https://www.facebook.com/blendimore/
https://soundcloud.com/blendimore

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

🔸 Plastik B 🔸

https://soundcloud.com/plastik-b
https://www.mixcloud.com/PlastikB/


додека втората вечер ќе биде резервирана за Транс поставата:


💠 LiquiD-ILLusioN [ Cosmodelica records ] 💠

https://soundcloud.com/boro-liquid-illusion
https://www.facebook.com/liquidillusion1988/


>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

💠Mystic Extract [ Hybrid Nomad Collective ] 💠 

https://soundcloud.com/mystic-extract
https://www.facebook.com/pipi.thepipi

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

💠Tesla Principle [ BooM! Records ] (SRB )💠

https://soundcloud.com/tesla-principle
https://www.facebook.com/tesla.principle.official/

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

💠Galactic Explorers [ Sacred Technology ]💠

https://soundcloud.com/galacticexplorers
https://www.facebook.com/galacticexplorers/

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

💠 Fanis Wingman [ Maharetta rec ] ( GR )💠 

https://www.facebook.com/fanis.wingman
https://soundcloud.com/djwingman

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

💠Psoma [Stereohemia rec. ] 💠

https://www.facebook.com/bugz.psoma
https://soundcloud.com/psoma-uminum

>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>

💠Tommy [ Hybrid Nomad Collective] 💠
https://soundcloud.com/tommy-anchov
>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>>
===================================================

TICKETS INFORMATION!!!!! 
▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂
https://www.kupikartizase.com/
( SOON )

☀ Еднодневен билет - 300 денари 

☀ Дводневен билет до 31.07.2018 година - 400 денари

☀ Дводневен билет од 01.08.2018 до 10.08.2018 година - 500 денари

☀ На врата : еднодневен билет 400 денари

( Во билетите е вклучен и влез за дневната журка и базент )
▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂▂

🔸 🔶 DECO & STAGE DESIGN by 🔸 🔶
🔸 🔶 Dark Forest - Decoration 🔸 🔶
https://www.facebook.com/groups/1288929774489709/]

Билетите за настанот се пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com

Превземено од: Брегалнички

При денешниот пороен дожд кој го зафати градот Делчево и целата Делчевска котлина беа наврнати огромни количини на атмосферска вода за многу мал временски период.

Овие големи количества на атмосферска вода предизвикаа изалеавање на канализационите цевки во населбата Ново Делчево, поточно на улицата Осоговска. Станува збор за населба во која нема изградена посебна атмосферска канализација а канализациони цевки кои се наменети за фекални води, немаат капацитет за прием на атмосферската вода. Дополнителен проблем е постоењето на неколку метални решетки во профилот на улиците во кои се слеваат големи количини атмосферска вода наеднаш ос самите асфалтни површини, особено при вакви поројни дождови. Овие решетки за прием на атмосферска вода пак се повторно вклучени во фекалната канализација која при вакви порои се излева и предизвикува штета за жителите кои се на пониска апсолутна кота со нивните приватни стамбени објекти.

До нас пристигна видео и неколку фотографии кои ги објавуваме во оваа статија, како и апел од страна на самите граѓани до надлежните институции овој огромен проблем кој го имаат да биде решен во најбрз можен рок. При денешната проблематична ситуација самите граѓани сведочат како  досега пет пати по ред во минатото се случувала оваа слика.

Денеска уште утрината во 07.00 часот пријавиле во ЈПКД Брегалница за постоење на проблемот чии што екипи дошле на лице место околу 12.00 часот на пладне кога наврнаа најголемите количини на дожд, и тоа баш во време  самата хаваријасе случувала.

За одбрана од самата стихоја граѓаните мораче да реагираат со омпровизирани насипи за да спречат водата да не им навлезе во домовите.

Дополнително проблем се создава од наносите на песок кој што легнува во канализационите цевки и го намалува и така малиот проточен профил на самите цевки. Чистењето на самите цевки од нанос е секако макотрпен процес и не е целосно решение на проблемот туку негово делумно и во мал интензитет решавање. 

Изградбата на посебна атмосферска канализација е оптимално решение, но процесот за нејзина реализација секако чини многу пари, но е успешен и ефикасен начин за надминување на ваквите проблеми.

Истиот проблем се рефлектира во повеќе населби во општината на повеќе критични места.

Во 2015 година беше започната постапка од општина Делчево за изработка најпрво на проект за изведба на атмосферска канализација за поголем дел од населбата Милково брдо, при што во 2016 и 2017  година беше изградена нејзината главна собирна гранка долж улиците Даме Груев, Ѓорче Петров и дел од Македонска.

Потребно е да се продолжи со уште посилно темпо за реализација на вакви и слични проекти се со цал граѓаните да не се соочуваат со вакви секојдневни проблеми при секој пороен дожд.

Најчитано: Флеш- Интересно

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна