Во продолжение статусот превземен од фејсбук:

Иако туристите можат да влезат во Бакингемската палата и да прошетаат низ 19-те простории кои се отворени за јавноста, сепак овде се кријат многу простории кои се само за членовите од кралското семејство.

Во палатата има 775 соби, па не е ни чудо што ние можеме да видиме само дел од тоа. Низ годините, луѓе кои биле дел од послугата понекогаш знаеле да кажат по нешто интересно за внатрешноста на палатата. Погледнете некои од тие работи.

Земјата е нашиот дом и понекогаш ни изгледа како секој дел од неа да е подобен за живот. Сепак, надвор од удобните домови кои сме ги создале постојат и некои многу неудобни места. Овие 9 локации се навистина екстремни и иако изгледаат опасно, некои луѓе успеале да ги претворат во свој дом.

Постојат толку многу чудни историски факти што понекогаш ни се чини дека реалноста е многу повозбудлива од научната фантастика. Таквите необични приказни го прават светот поинтересно место за живеење и затоа добро е да бидеме запознаеме со некои од нив. Прочитајте ги следниве необични факти што сигурно не сте ги научиле на училиште…

Отсекогаш постоеле одредени предрасуди и стереотипи поврзани со психичките болести. Овие предрасуди биле најнагласени во случајот на жените, кои честопати биле обвинувани за вештерство и на кои им било кажувано дека единствениот лек за болеста е враќањето во домот и преземањето на улогата на покорна мајка и сопруга. Во продолжение, прочитајте ги следниве 8 факти за тоа како биле третирани жените со ментални болести низ историјата…

Гурманите Стивен Лим и Ендрју, заедно со нивниот камерман Адам, тргнуваат во најголемата кофеинска авантура досега! Тие споредуваат цени со вкусови и на крајот одлучуваат дали нешто навистина вреди за парите или не.

Убави луѓе: Дистописки анимиран филм што ќе ве замисли и ќе ви ги отвори очите!

Овој краток, но моќен анимиран филм истражува многу значајни теми како што се индивидуалноста, детската невиност и перењето на мозокот што го вршат масовните медиуми. Што значи да се биде убав? Дали светот се дели на убави и грди луѓе? Погледнете го следново видео што несомнено ќе ви ги отвори очите… 

 

Џејмс Јуџин ‘Џим’ Кери е роден на 17 јануари 1962 година. Тој е канадско-американски актер, комедијант, импресионист, сценарист и продуцент. Но не мора да ви го кажуваме сѐ ова, бидејќи веќе добро знаете за кого зборуваме. Затоа и можеме веднаш да преминеме на важното – погледнете ги најинспиративните мисли на еден од најсмешните луѓе на светот и подгответе се за промена на погледот кон светот!

Постојат многу интересни места на планетата Земја, кои за жал поголемиот дел од нас никогаш нема да можат да ги посетат. Но, има и добри причини зошто овие локации се толку недостапни. Таквите места секогаш привлекуваат голем интерес кај туристите и авантуристите, иако невозможно е да се стигне до нив. Ние ќе ви откриеме дел од тајните на овие дестинации и ќе ви овозможиме да ѕирнете што кријат тие во себе…

Дали сте авантурист? Дали ги поминувате одморите и слободните денови правејќи нешто што ви го покачува адреналинот? Ако одговорот е да, тогаш вие сигурно не сте за работа во канцеларија. За среќа, постојат многу работни места кои ќе ви ја овозможат посакуваната авантура.

Денес постојат многу теории за потенцијалната закана од вештачката интелигенција. Филмовите во кои главни негативци се роботите стануваат сè побројни. Но што всушност мислат научниците и експертите за способноста на вештачката интелигенција? На оваа листа се наоѓаат најпознатите теории и мислењето на научниците за нив.

Повеќе од една година, нуклеарната физичарка Елина Бергланд се борела со властите и злобните наслови во весниците. Сега, нејзината апликација ќе биде првата во светот што ќе биде прифатена како контрацепционо средство.

Денеска е Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како Света Петка. 

Денеска (петок 27.10.2017 година) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Длечево се конституираше новиот состав на Советот на Општина Делчево. Откако беше избрана и заседаваше Комисијата за извор и именувања про светот на општина Делчево, на советниците им беа вефификувани мандатите за наредниот 4 годишен мандат.

По верификацијата на мандатот, советниците од новиот советнички состав ги прочитаа свечените заклетви предвидени со заккон.

Потоа со 8 (осум) гласа за Претседател на Советот на општина Делчево беше избран Драган Маневски од редовите на СДСМ. 

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција гласаа против овој предлог.

По завршување на првата конститутивна седница на Советот на општина Делчево новоизбраниот претседател во изјава за медиумите ја истакна својата благодарност за сите советници што гласаа за и против неговиот избор за Претседател и вети одговорна работа на советот во име на граѓаните на општина Делчево.

Погледнете ја изјавата на претсаедателот Маневски во продолжение:

Во изјава за медиумите Градоначалникот Трајковски ја изрази својата недаж за конструктивност на сите советници на Советот на општина Длечево и ќе допринесуваат со свои предлози и идеи во работата на Советот и општинската администрација, за доброто на сите граѓани на општината.

Погледнете ја изјавата на Градоначалникот Трајковски во продолжение:

 

Технологијата се развива многу брзо, а повеќето од нас се возбудени за сите нови работи кои произлегуваат од тој напредок. Научниците сакаат да ни дадат беспилотни возила, виртуелна реалност, многу брзо патување, комерцијални вселенски летови и уште многу други работи. Но додека секој со нетрпение ги чека новите пронајдоци, малкумина се прашуваат зошто. Вистината е дека многу од овие технологии се бескорисни, а некои од нив дури и опасни. Ова се некои од несаканите ефекти на најновите технолошки пронајдоци.

Во петок (27.10.2017 година) со почеток во 17.00 часот во кино салата во Делчево ќе се одржи аматерската театарска претстава "токмаците и билбилот".

Претставата е во менторство на Маријана Стоименовска а во улогите на самата претстава настапуваат надежни млади дечки од ООУ "Ванчо Прќе" од Делчево.

За сите заинтересирани посетители на претставата влезот е 50 денари.

"Гоце Делчев беше фанатичен подржувач на максимата дека ропството се должи, пред се, на робот и се крепи од него повеќе отколку од мачителот, и дека кога ќе престане робот во душата да биде таков, ропството исчезнува само по себе."

Ѓорче Петров

Роден:1864/ 1865 година во с. Варош, Прилеп, Македонија

Убиен: 28 јуни 1921 година во Софија, Царство Бугарија

Четири ајдука одат,
ноќта ги следи во стапки,
брезите плискаат на нив
росница, студени капки.


Одат ...
Првиот ѕборува:
„Си имам девојка танка,
рујна ко ајдучко знаме,
бела ко цутје на гранка“.


Одат ...
Вториот зборува:
„Си имам малечко дете,
мило ко ајдучка пролет,
бистро ко потокот летен“.


Одат ...
Третиот зборува:
„Невеста лична си имам,
драга ко утрено сонце,
топла ко оганот зимен“.


Одат ...
Задниот зборува:
„Никого немам на светов,
до една кременка лута,
знаме -
и ајдучка чета".


Четири ајдука молчат,
месецот минува со нив,
ветерот развева в гора
    ајдучки
    разговор
    ѕвонлив ...

 

Од стихозбирката "ПЕСНИ" 1944-1948

Славко Јаневски

(Скопје, 11 јануари 1920 — Скопје, 20 јануари 2000)

Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека треба да се борат за извојување на својата слобода, без да се потпираат на туѓа помош. Зошто оние што би дошле да не ослободат, ќе дојдат всушност да не поробат.

Јане Сандански

(Влахи, 18 мај 1872 - Месност Блатата, Мелничко,10 април 1915)

Атомите на елементот Македониум ги има во секој македонец и негова особина е да му дава на човекот сила.

Анте Поповски

(Лазарополе, 3 јуни 1931 - Скопје, 1 октомври 2003)

  • Одблесоци (поезија, 1955)
  • Вардар (поезија, 1958) превземи во PDF формат
  • Самуил (поезија, 1963)
  • Непокор (поезија, 1964)
  • Камена (поезија, 1972)
  • Тајнопис (поезија, 1975)
  • Љубопис (поезија, 1980)
  • Родопис (поезија, 1981)
  • Сина песна (поезија, 1984)
  • Глас од дамнина (со литературно-историски и поетолошки карактер, 1986)
  • Ненасловена (поезија, 1988)
  • Оковано време (статии и коментари, 1991)
  • Меѓу животот и знаците (есеи, 1991)
  • Провиденија (поезија, 1995)
  • Окото, светлините (есеи, 1996)

Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, 

Вината не беше наша,
таа кај друг се крие,
и туѓи прсти тогаш
стотонска вина сторија!
Но, штом ќе дојде ден,
и штом ќе треба, ние
за сè ќе ѝ раскажеме
на мајката историја.

Започнаа со раце гнасни
На народот во душа да му џбараат,
но, гневот беше толку нараснат,
та, не се сфати волчката им нарав

и муцките на ѕверови во овчи кожи,
престапничко и плитко лицемерење.
Но идат дни а тогаш и ќе може
со грска кал по сурат да ги пернеме.

Се почна бунтот:
И не беше обичај
да изостанеме. –
Не се предадовме!
Туку,
со крвта
на народот обичен
Во Илинден наша
содржина кладовме!
Што ли ќе речете за таа новост?
Ќе барате ли тука руски рубли?
В Крушево уште феудалот гнетеше
И колкав скок? –
Изградија република!

А беа исто млади колку нас,
Сè такви, какви што сме ние.
Се бореа,
умираа без глас,
како што умре,
ќе умреме
и ние.

Многумина ги нема, но не липам јас, чу ли?
Ќе дојдат други, среде дим и жареж.
Глеј в овој тука. Знај: тој е Питу Гули,
а ти? Ти, секако си Карев...

И ако требаат пароли – в ред!
До месецот ќе кренеме плакати.
Слободна сакаме,
и без,
и без протекторати... 

НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ

7.12.1909-23.07.1943

Понекога ќе идам в твојот сон,

к`о нечекан и далек гост...

Ти не ме оставај на патот, вон,

од порти истај го лостот!

Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам,

крај тебе, в мракот втренчен, да те гледам сам!

И кога наситен ќе запрам да те гледам,

ќе ми те бакнам и – ќе заминам.

 

Никола Јонков Вапцаров

7.12.1909-23.07.1943

"Моралната револуција - револуцијата во умот, срцето и душата на еден ропски народ, е најголемата задача." 

-Гоце Делчев-

1872-1903

“Што всушност се бара од нас?

"-Приказните живеат многу повеќе и од најстарите луѓе. Во нив и во сеќавањата продолжуваат да живеат многумина луѓе што живееле во далечни одамнини. Да пуштиме една стара, прастара приказна да ни ги шепне своите сеќавања:"...

...

(Трагање по смислата)

... "Во туѓа шума појдов,

оган за својата да барам" ...

Јанко Нинов

Тоа полноќно делење на Часот

тоа моќно на гласот шевелење

Низ Оган и Штама

по Откосите

и Другиот Тој

што одвнатре плави

тагувајќи по косите

Сам

и Таа Сама

што Пат со Оган

низ Добрави прави

и несетно во Огнот те зема

и мигум чиниш

ја небило

ја нема

А Штама е што лекува

со тивок вев

сред нечии машки ветки

Во себе те вовлекува

е Жена

Празнина пошумена со

Зборови Ретки.

Сашо Гигов Гиш

роден 15.12.1968 година во Скопје

Стиховите се превземени од печатеното издание на стихозбирката "Другиот тој ти" во издание на НИП "Ѓурѓа"-Скопје во 1999 година.

Литературно творештво:

"Чинодејанија" (поезија, 1989) 
"Ритуал и пепел" (поезија, 1992) 
"Птица и ишарет" (поезија, 1993) 
"Сенка низ прстен" (поезија, 1994) 
"Душата на градот" (поезија, 1994) 
"Проѕирно црно" (поезија, 1997) 
"Другиот тој ти" (поезија, 1999) 
"Кругот" (поезија, 2000) 
"Метахемија" (поезија, 2004) 
"Разголената црнина" (поезија, 2007) 
"Конзоламентум" (поезија, 2008)

Нам ни е дадено за ден да сакаме

и пак на разделба тажни да бидеме,

и пак си велиме: не заборавај ме!-

а може никогаш да не се видиме.

Пат ке ни препречат мостој соборени,

пат ке ни препречат градој изгорени,

пат ке ни препречи куршумот в чело.

И пак сме можеле тажни да бидеме,

и пак си велиме: не заборавај ме!-

а може никогаш да не се видиме.

Превземено од стихозбирката "Поезија" од Блаже Конески издадена во 1967 година

во рамки на едицијата "Блаже Конески:Избрани дела во седум книги",

од страна на издавачката куќа Култура-Скопје

Конститутивната седница на новиот Совет на општина Делчево е закажана за во петок 27.10.2017 година.

За седницата Претседателот на досегашниот Совет на Општина Делчево, Драган Христов го предлага сл. дневен ред:

  1. Предлог-Решение за избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања;
  2. Предлог решение за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Делчево;
  3. Предлог-Решение за избор на Претседател на Советот на Општина Делчево.

Седницата е закажана за во 12.00 часот во Спомен домот АСНОМ во Делчево.

Односот на силите според изборните резултати од 15-ти октомври, во новиот состав на Советот на Општина Делчево е осум советници од СДСМ и 7 советници од ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, со што СДСМ го има мнозинството за носење одлуки за работата на Советот во наредниот четири годишен мандат.

Дизајнерката Катерина Кампрани од Атина ќе ви предизвика голем стрес и нервоза со нејзината колекција на секојдневни предмети изработени специјално за да ги нервираат луѓето. Колекцијата се нарекува „Неудобното“ (The Uncomfortable). Вистинско изненадување, зар не?!

„Метаноиа“ ќе ве одведе во една волшебна земја, благодарение на господин Филип кој ги раскажува неговите возбудливи авантури на деца во болница. Кога ќе почнат да се случуваат некои необични работи, дознаваме дека авантурите се многу повеќе од обични приказни за добра ноќ.

Денеска во просториите на Општина Делчево во градоначалничкиот кабинет на општина Делчево беше извршено формалното примопредавање на функцијата градоначалник од досегашниот градоначалник Дарко Шехтански на градоначалникот Горан Трајковски.

Денеска со почеток во 12.00 часот во спомен домот АСНОМ во Делчево беше извршено свеченото доделување на Решението за Градоначалник на Општина Делчево и членовите на Советот на општина Делчево од страна на Претседателот на Општинската изборна комисија, г-дин Владимир Петровски.

Организацијата „Rêves de Gosse“ (Детски сон) и Европската вселенска агенција, им го овозможиле ова незаборавно искуство на неколку дечиња со попречен развој од 5 европски земји. Во леталото се наоѓаат 8 дечиња и 2-ца возрасни. Уживајте во неверојатното видео.

Без разлика како се заштитувате, не сте единствените кои ги избегнуваат јавните тоалети. Но дали претеруваме или навистина постои опасност од некоја болест ако редовно ги користиме? Во просек има околу 50 бактерии на 6 сантиметри квадратни на секоја тоалетна школка. Иако звучи одвратно, во вашиот дом има и повалкани работи, како на пример, сунѓерот за миење садови. Сепак, постојат некои болести и бактерии кои, иако ретко, сепак можете да ги добиете и од некој јавен тоалет.

Светот отсекогаш бил чудно место со ексцентрични луѓе. Овие неверојатни фотографии во продолжение ќе ви ја покажат убавината на светот, како и низ што сè поминал тој во текот на историјата.
Уживајте!

Карикатуристот Никола Ангелкоски од поодамна не својата фејсбук страна излегува со свои лични коментари во врска со актуелни случувања во нашата држава.

Во последниот негов коментар тој започнува со коментар посветен на Ацо Рембрант (Ацо Станковски како што тој го нарекува својот колега од студенските денови на факултетот за ликовни уметност. 

Продолжува со негов личен коментар во однос на специфичните состојби во областа на културата кои се од поодамна присутни под Македонското небо. На крај завршува со еден свој личен впечаток кој навлегува во егзистенцијализмот на еден врвен уметник како што е сликарот Никола Ангелкоски.

Прочитајте го коментарот во продолжение кој што е во целост превземен од неговата фејсбук страна.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва во живо на ТВ АЛФА ќе се обрати на пошироката јавност. На негофата фејсбук страна тој го најави гостувањето во ТВ магазинот "Седмица" со почеток во 21.00 часот.

Овој прекрасен текст е дело на младата авторка Мариса Донели. Таа се повикува на моќта на својот глас, на гласот на жените, и ги охрабрува да се борат за своите права. Ги потсетува за нивната важност, за важноста на нивните приказни и нивното минато. Ова е текст што треба да го прочита секоја жена.

Според авторот Андреас Мориц тајната за појавата и развојот на рак клетки во човечкиот организам е комбинација на неколку клучни фактори поврзани со работата на лимфниот систем на човечкото тело.

Денеска се остварија два првични состаноци на новиот градоначалник на општина Делчево, г-дин Горан Трајковски со градоначалникот во заминување на општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански.

Овој свет е неверојатно разноличен и мистериозен. Некои природни феномени изгледаат навистина мистично и покрај тоа што за нив има научно објаснување. Погледнете ги најневеројатните и најмистериозните појави кои се фатени на камера.

Познато е дека знаењето е богатство, а во древниот свет тоа се чувало подобро од златото. Огромните библиотеки на древните цивилизации се доказ дека сите богатства во светот изгледаат бледо во споредба со знаењето. На оваа листа ќе ги пронајдете најневеројатните библиотеки кои многу често биле мета на напад во војните. Ова се библиотеките кои го оформиле светот во кој живееме денес.

„Оценки“, „досада“, „лоши наставници“, „добри наставници“, „шеги“, „другарчиња“, „учење, „домашни“ се некои од зборовите што прво им паѓаат на памет на учениците кога ќе помислат на училиште. Дали некаде ги прочитавте зборовите „знаење“, „уживање“ и „забава“? За жал, училиштето не асоцира на тие термини. За „уживање“ и „забава“ некако ќе прогледаме низ прсти, ама што правиме со зборот „знаење“ кој би требало да биде главната цел на сите училишта?

Влијанието што го имаат владата и моќните луѓе на нашите секојдневни живот е неоспорно. Иако некои од нас можат да го препознаат влијанието што постои преку медиумите и државните закони, многумина живеат среќен и удобен живот, задоволни од своето негирање и незнаење. Има и луѓе кои не се согласуваат дека постои таква контрола во современото општество.

Многу фактори се важни кога станува збор за успехот на некој филм. Овде спаѓаат квалитетот на сценариото, талентот на режисерот и на актерите, кинематографијата, придонесот од другите членови на тимот, мислењето на критичарите…

Помеѓу телефонот кој постојано ѕвони, големиот број нотификации од сите апликации и постојаните пораки, сигурно се чувствувате како да не можете да пронајдете мир. Размислете колку пати сте работеле нешто кога ви стигнала некоја нотификација и ви го одвлекла вниманието.

Обично ни звучи сосема нормално кога ќе чуеме дека актерите, музичарите и режисерите имаат лоши навики. Сепак тоа се креативни луѓе. Но кога станува збор за писателите, малку ни е потешко да им ги препишеме овие навики. Сепак, некои од најдобрите литературни дела биле напишани под дејство на дрога. Погледнете за кои станува збор.

Ако Исак Њутн одеднаш се појави од некоја временска машина, пријатно ќе се изненади кога ќе види колку далеку стигнала физиката. Некои работи кои биле вистинска мистерија пред неколку векови, денес се учат во средно училиште на часовите по физика.

Денеска на фејсбук страницата на кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на СДСМ беа промовирани неколку проекти за одделни групи на граѓани, преку графички промотивни банери.

Денеска со изјава за медиумите излезе Љупка Гугучевска од Државната изборна комисија со инвормации поврзани со изборниот процес. 

Проследете ја нејзината изјава во целост на видеото во продолжение.

Хуманите граѓани подарија над 30 крвни единициво рамки на редовната крводарителска акција, досега од почетокот на годината бројот на собрани крвни единици изнесува над 350. Денешната акција беше во организација на ОО Црвен Крст Делчево во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип и центарот зза трансфузиологија при ЈУ Здравствен дом Гоце Делчев од Делчево.

Погледнете го прилогот во продолжение:

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево, г-дин Иван Соколов денеска имаше средби со членови на Здружението на пензионери и со НВО "КХАМ" од Делчево.

Да се потсетиме каде бевме и каде сме сега. За да бидеме сигурни на каде одиме.

Во 2006-та во општина Делчево имаше 3700 вработени лица, а на крајот на 2016 бројот на вработените изнесуваше 4620 или околу 900 нови отворени работни места.

Ги реконструиравме регионалните патишта: Делчево-Македонска Каменица и Делчево-Голак во должина од околу 18 км и вредност од над 2,5 милиони евра.

По нашата претходно направена мала анализа врз основа на дотогаш расположивите информации во јавност за проектите кои ги нудат двата кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, достапна на сл. линк тука, со дополнителна изјава во медиумите излезе кандидатот за градоначалник г-дин Горан Трајковски со дополнителни информации за дообјаснување на проектот кој што тој го нуди за нов градски пазар во Делчево.

Изјавата за градскиот пазар на двата кандидати за градоначалник во прилогот во продолжение:

Врз основа на денешната негова изјава, останува нејасно според г-динот Горан Трајковски, кој е рокот за изградба на градскиот пазар?

Дали рокот за изградба според кандидатот Трајковски е оној соопштен во неговата изјава погоре во видеото кога кажува дека пазарот ќе биде изграден до 2019 година или оној деклариран во неговата печатена програма каде пишува Рок: 2021 година?

Дали станува ззбор за своевиден гаф, грешка или пак забрзување на плановите пред истекот на кампањата, е прашање кое останува неодговорено.

Графички приказ кој се однесува на градскиот пазар превземен од предизборната програма на г-динот Горан Трајковски во продолжение:

 

Остануваат само четири дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ!

Остануваат само четири дена до прогласувањето на уште еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево!

Најавивме големи промени за Делчево!

Уште стотици нови проекти лежат во душите на нашите луѓе!

Уште стотици нови потреби лежат во душите на нашите пријатели кои секојдневно ги среќаваме а не знаеме што кријат во себе!

Во изминатите денови заедно со тимот на идниот градоначалник, тропнавме на речиси секоја врата, бевме добродојдени во многу домаќинства, сакавме да допреме до секој граѓанин, слушнавме многу проблеми кои ги мачат нашите сограѓани, маки потиснувани со децении, кои се наталожиле во душата на сите нас, тешкотии од кои боли срцето на секоја Македонска мајка, чие чедо фатило туѓина и таму создало семејство.

Има моменти во животот кога срцето, душата, телото, сите сетила, целокупното човечко материјално и духовно битие се претвараат во нешто повеќе од живот.

Тоа нешто е призвук на вечност, светлина која бескрајно талка по универзумот за да дојде на вистинското место во вистинското време.

Местото е Македонија, а времето е сега!

Почитувани наши читатели, она што може да биде кажано за видео клипот во продолжение, ќе биде многу малку во споредба со она што тој навистина претставува!

Погледајте го, споделете го, плачете, ежете се, препотувајте се.... 

Понесете го со себе и живејте го.

Има еден свет збор од памтивек-Македонија!

 

Денешниот ден во Делчево иако државен празник, поминува во траорна тага и сурова болка на цело Делчево, чии што граѓани сеуште се во неверување на смртоносниот исход од вчерашната сообраќајна незгода на регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица.

Во сообраќајната несреќа со катастрофални последици животот го загуби младо тричлено семејство, кое за празникот требаше да си биде дома во родното Делчево.

Нема зборови со кои можеме да ја искажеме својата длабока потресеност од овој суров настан за сите граѓани на Делчево.

Погребот ќе се изврши во 16.00 часот на градските гробишта во Делчево.

Загубата е огромна за цел град а најмногу за семејството, пријателитие и блиските.

Почивајте во мир Дејан. Емилија и Даријан.

Во Делчево на пригоден начин денеска беше одбележан 11-ти Октомври- Денот на востанието на Македонскиот народ.

За таа цел во организација на општина Делчево и градоначалникот Дарко Шехтански пред споменикот на паднатите борци од НОВ и ПОМ во центарот на градот, беше прочитан пригоден реферат и положени букети со свежо цвеќе од страна на претставници на институции, политички партии, граѓанскио организации и останати граѓани.

ozio_gallery_nano

Во текот на вчерашниот ден (вторник,  11.10.2017 година) во Делчево се реализираше средба меѓу членовите на НВО "КХАМ" Делчево, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, г-дин Горан Трајковски, пратеничката на СДСМ во Македонскиот парламент г=ѓа Мира Стојчевска и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска исто така од редовите на СДСМ, како и повеќе заинтересирани граѓани.

Средбата беше на иницијатива на НВО "КХАМ" Делчево, како што изјави Зекир Абдулов.

За целите и случувањето на средбата повеќе во изјавите на дел од учесниците во продолжение:

 

Синоќа во Спомен домот АСНОМ во Делчево беше промовирана книгата "Кога боговите ќе замолкнат" од роднокрајниот автор Славчо Десподов од Делчево.

Овој настан беше убава можност присутните да се потсетат за дејноста на драмското студио при НУЦК "НЈ Вапцаров" во Делчево, како и дел од општествените активностите во рамки на досегашниот работен век на авторот Десподов.

Промоцијата се организираше како дел од активностите за одбележување на 25 годишнината на ова драмско студио во Делчево.

Погледнете го целиот прилог во продолжение:

Изјава на Иван Соколов на синоќешниот коктел на членовите и симпатизерите на ВМРО-НП од Делчево.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево ги откажа сите планирани активности во текот на денешниот ден кои беа поврзани со организацијата на големиот народен митинг кој ќе се одржи вечерва во 20.30 часот на летната сцена во центарот на Делчево.

Отворена општина за соработка со пензионерите и за решавање на нивните проблеми вети кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски на денешната средба со пензионерите на која присуствуваше и пратеничката од Делчево, Мира Стојчевска.
 
Трајковски потенцираше дека целта на оваа средба е да се запознае со проблемите со кои се соочуваат делчевските пензионери и за можностите за потранспарентна и поголема соработка со локалната власт доколку тој ја добие довербата на граѓаните на Делчево да ја води општината наредните четири години.
 
– Средбата помина одлично, целта беше да ги слушнам нивните проблеми, но и нивните идеи за понатамошната сорабока со локалната самоуправа, како и со централната власт, преку нашата пратеничка Мира Стојчевска и за сите проблеми заедно да наоѓаме заеднички решенија. Се договориме за перманентна комуникација и постојани средби. Ние не можеме да затвораме очи пред проблемите на возрасните наши сограѓани и јас како иден градоначaлник, ќе направам се за да имаат достоинствена старост и да уживаат во општествениот живот да другаруваат и во третата доба, делчевското Здружение на пензионерите треба да биде носител на многу активности, рече Трајковски.
 
На средбата пензионерите истакнаа дека најголем проблем се просторните услови на делчевското Здружение, па за да го решат, тие сами инвестирале еден милион денари, но останува уште да се набави инвентар со што 2800 пензионери ќе имаат каде да го поминуваат слободното време, истакна Моне Ѓеоргиевски, претседател на Здружението на пенизонери Делчево.
 
– Ние инвестиравме наши средства, имаме површина од 240 м2, градежните работи се скоро завршени, деновиве ќе поставиме и парно греење. Ние очекуваме поголема поддршка од општината за за доопремување на нашите простории и поддршка на нашите активности, рече Ѓеоргиевски.
 
Трајковски им вети на пензионерите дека ќе помогне во доопремување на новите простории, но и во сорабтка со централната власт ќе се издејствуваат средства и за реконструкција на зградата каде што живеат пензионери со ниски примања.

Сатиричарот Миле Ѓорѓијоски заедно со неговиот колега Витомир Долински денес ќе бидат дел од 15 Меѓународен фесттивал за хумор и сатира ,„Сатира фест“ чија тема годинава е “Беше еднаш еден лав“ а е посветен на 95 годишнината од раѓањето на големиот српски книжевник за деца Душан Радовиќ. На фестивалот кој е еден од најзначајните на Балканот учествуваат познати сатиричари од регионот и пошироко. Од овој фестивал произлегува највисоката награда од областа на сатирата „Златен круг“ награда која се доделува за особен придонес во развојот на светската сатира.Освен Ѓорѓијоски, оваа награда од македонските сатиричари ја има добиено и Васил Толевски кои воедно се и членови на друштвото на писатели. Во рамки на својот престој во Белград а како дел од соработката со ЈЛБ Илинден од Делчево двајцата автори ќе доделат книги на библиотеката при Националниот совет на Македонците во Србија.

"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат."

- Јане Сандански, Рилски конгрес, 1905

На youtube сервисот се поставени повеќе видеа со информативна содржина за и околу процесот на гласање на претстојните локални избори.

Остатокот од видеата можат да се прегледаат на следната интернет врска тука.

 

Денеска (вторник 10.10.2017 година) во Спомен домот АСНОМ во Делчево со почеток во 19.00 часот ќе се одржи промоција на книгата "Кога боговите ќе стивнат" од роднокрајниот автор Славчо Десподов.

Промоцијата на книгата се реализира во рамки на јубилејот 25 години од основањето на драмското студио при НУЦК "Н.Ј. Вапцаров" во Делчево.

Како дел од предизборната кампања за претстојните локални избори, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, Иван Соколов заедно со дел од кандидатите за советници во текот на вчерашниот ден беа во посета на селото Град.

Утрово на фејсбук страната на кандидатот за градоначалник на општина Делчево од СДСМ со промотивни банери беа промовирани повеќе проекти од значење на жителите на селото Ѕвегор.

„Алан Форд“ е италијански комичен стрип направен од страна на сценаристот Лучиано Секи под псевдонимот Макс Банкер и илустраторот Роберто Равиола, познат како Магнус. Дејството се одвива во Њујорк и доколку го обожавате овој стрип, сигурно ќе се насмевнете на легендарните цитати од Број 1, Алан Форд, Боб Рок, Сер Оливер, Грунф, Џереми и останатите ликови…

Во среда 11.10.2017 година со почеток во 10.30 часот во Делчево ќе се одбележи 11 Октомври-Денот на востанието на Македонскиот народ против фашистичките окупатори во Втората светска војна.

Во духот на заедничите вредности и принципиелните ставови за заеднички настап на претстојните локални избори во недела, од општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Делчево организираат заедничко коктел-дружење за сите членови и симпатизери на партијата заедно со сите коалициони партнери.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево организира голема младинска забава после најавениот митинг на партијата во Делчево кој ќе се одржи на летната сцена во среда 11.10.2017 година со почеток во 20.30 часот.

На денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на општина Делчево, г-дин Горан Трајковски во просториите на општинската организација на СДСМ во Делчево презентираше дел од активностите на владата предводена од СДСМ поврзани со земјоделските субвенции.

Погледнете ја целата изјава во продолжение:

 

Кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори во Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Иван Соколов и од редовите на СДСМ, г-дин Горан Трајковски во своите предизборни програми како еден од поважните проекти со кој ја бараат довербата на граѓаните на општина Делчево е изградбата на новиот градски пазар.

Визуелното решение за кое што е изработена и техничка документација кое го нуди кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, Иван Соколов предвидува мултифункционална градба во чија што градежна парцела се предвидени изградба на покриен градски пазар, голем маркет, ресторан, повеќе деловни простории, паркинг и репрезентативно партерно уредување на целата градежна парцела.

За изградбата на оваа мултифункционална целина Соколов има предвидено 27 милиони денари јавни буџетски пари на општина Делчево и пари обезбедени од јавен приватен партнер. Рокот за изградба на новиот пазар според планот на Соколов е 2021 година.

Дополнително во програмата на Соколов е предвидена и изградбата на Стамбена улица "3" во централно градско подрачје која што е неопходна за опслужување на непречената сообраќајна комуникација за самиот пазар.

Визуелизацијата промовирана од штабот на Соколов изгледа вака:

Во програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, г-дин Горан Трајковски дадена е поширока наративен опис со генеза на потребата за реализација на овој проект. Исто така е дефиниран моделот за реализација на инвестицијата по пат на Јавно приватно партнерство. Според визуелизацијата пренесена во видеото подолу може да се забележи дека според визијата на Горан Трајковски Пазарот би имал свој покриен но отворен (странично) дел, помошни простории за самиот пазар, паркинг и партерно и хортикултурно уредување.

Во програмата на Горан Трајковски нема прецизирана финансиска конструкција и износ на чинење на самиот проект.

Рокот за реализација предвиден од Трајковски е исто така 2021 година.

Визуелизацијата промовирана од изборниот штаб на Горан Трајковски е следна.

За промоција на овој значаен проект за граѓаните на Делчево од двата изборни штабови имаат подготвено и соодветна визуелизација за нивната визија за изгледот на пазарот, што може да се проследи во видео пораките упатени за таа цел во продолжение.

 

Што би се случило ако сите родители ги поддржуваат креативните способности на своите деца?

Светот веројатно би имал повеќе деца како Отом де Форест. Оваа 15-годишна сликарка била наречена „уметнички гениј“ кога имала само 8 години. Нејзините слики биле изложувани во бројни галерии низ целиот свет.

Од љубовните балади, до брзите песни за танцување, секој од нас ужива во ритамот на музиката. Најчесто претпоставуваме дека артистите ги користат своите идеи и искуства за да ја прават музиката, но понекогаш реалноста е толку сурова што мора да ја стават во песна.

 

Музичарите „тајно“ црпат инспирација од злоделата уште многу одамна, а оваа листа ќе ви го докаже токму тоа.

1. „Suffer Little Children“ – Smiths

Оваа песна е за ужасните настани кои се случувале во Манчестер помеѓу 1963 и 1965 година. Во тој период Иан Брејди и Мира Хиндли киднапирале и убиле 5 деца. Морисеј, фронтменот на бендот, потекнува од регионот од каде што биле киднапирани децата, но бил и на иста возраст со неколку од жртвите.

Насловот на песната бил инспириран од евангелието според Матеј: „Нека страдаат малите деца, и забранете им да не доаѓаат со мене, бидејќи небесното кралство е такво.“

2. „Let Him Dangle“ – Елвис Костело

Темата на оваа песна е смртната казна со бесење. Елвис Костело ја вметнува темата за казната во хитот од 1980 година. Станува збор за обвинувањето и бесењето на Дере Бентли, британски тинејџер кој бил учесник во убиството на полицаецот Сини Мајлс. Но, Бентли не го застрелал полицаецот, тоа го направил неговиот партнер, Кристофер Грег.

3. „August 7, 4:15“ – Bon Jovi

Кога помислувате на овој бенд сигурно не мислите дека и тие би обработувале мрачни теми, но со оваа песна го докажаа спротивното. Насловот се однесува на денот кога Кетрин Корзилиус, ќерката на менаџерот на бендот, била убиена. Во песната, приказната за убиството е многу убаво раскажана, но фактите позади настанот се навистина трагични. Убиството дури било дел и од телевизиското шоу „Нерешени мистерии“ (Unsolved Mysteries) бидејќи убиецот никогаш не бил пронајден. 6-годишното девојче било со мајка ѝ и брат ѝ на овој трагичен ден. Кога се враќале дома, застанале до поштенското сандаче. Девојчето прашало дали може тоа да ја земе поштата бидејќи сакала да покаже дека е веќе голема. Откако ја чекала еден час, мајка ѝ решила да се врати кај сандачето. Кетрин ја немало, а со потрагата во соседството го откриле нејзиното мртво тело.

.4. „Nebraska“ – Брус Спрингстин

Ова е можеби најдобрата песна на Брус. Текстот е обвиен со студенило и недостаток на емпатија и е раскажан од перспективата на 19-годишниот Чарлс Старветер. Заедно со неговата 14-годишна девојка, Чарлс извршил неколку убиства во Вајоминг, Небраска во 1950-тите.

5. „I Don’t Like Mondays“ – The Boomtown Rats

На почетокот овој наслов изгледа како изјавата на некој тинејџер кој бунтува против родителите и општеството. Песната дури е и „заразна“. Но, инспирацијата за ова дело е многу помрачна. Во 1970 година Бренда Ан Спенсер почнала да пука на игралиштето на едно основно училиште во Сан Диего, Калифорнија. Таа убила двајца возрасни и повредила неколку деца.

Кога на судењето ја прашале зошто го направила тоа, таа одговорила: „Не сакам понеделници.“

6. „Mr. Garfield“ – Џони Кеш

Во оваа песна фокусот не е на жртвата, туку на околината. Во песната се зборува за убиството на претседателот Џејмс Гарфилд. Иако повеќето песни од овој тип ги обработуваат деталите за смртта, Џони Кеш се фокусирал на нацијата и на проблемите кои настанале откако луѓето си го изгубиле лидерот.

7. „Stack O’ Lee Blues“ – Mississipi John Hurt

Оваа песна е изведувана многу пати и од многу артисти. Но ако барате песна која ја разгледува другата страна на убиството и се согласува со убиецот, ова е тоа. Познатата балада е инспирирана од убиството на Били Лајонс во 1895 година. Убиството се случило на Божиќ од страна на Ли Шелтон.

8. „Ann Christian“ – Prince

Во албумот Controversy од 1981 година, една песна се издвојува од другите. Иако песната звучи дури и забавно, текстот ја прави вознемирувачка. Во песната се спомнуваат неколку убиства – од убиството на Џон Ленон, до обидот за убиство на Роналд Реган. Песната ги рефлектира човечките состојби и идеологии, како што е религијата, кои биле распространети во Америка на почетокот на 1980 година.

9. „Pioneer To The Falls“ – Interpol

Со текст кој ѝ зборува повеќе на потсвеста отколку на слушателот, темата во оваа песна е смртта на Имет Гулиен. Песната е напишана во периодот кога било откриено телото на Имет. Таа била во Њујорк и одела од еден бар до друг. Иако ова „движење“ е најдиректното спомнување на убиството, во текстот постојано се спомнува и некаков гроб во форма на куп земја. Исчезнувањето на девојката се однесува на трагичната смрт на Имен.

10. „Have You Seen Bruce Richard Reynolds“ – Alabama 3

Ова е навистина интересна песна која прв пат била изведена од Најџел Денвер. Таа го опишува грабежот на воз од страна на Брус Ричард Рејнолдс во 1963 година, кој во тоа време бил најголемиот грабеж. Денвер го овековечил овој разбојник со оваа песна. Евентуално, Рејнолдс бил уапсен, а песната заборавена. Но, неколку децении подоцна, Alabama 3 ја оживуваат песната, но со мал пресврт. Бендот тврдел дека синот на Рејнолдс бил еден од членовите. Ова водело до контроверзно појавување на самиот Рејнолдс во песната, и ја направило единствена каде што се појавува и самиот криминалец.

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ лично ги покани сите граѓани на Делчево да присуствуваат на големиот народен митинг кој ќе се одржи во среда 11.10.2017 година со почеток во 20.30 часот на летната сцена во центарот на Делчево.

Погледнете ја неговата изјава во целост:

Хемизацијата на почвата и сушата како дел од климатските влијанија се едни од најчестите фактори кои во последните неколку години придонесоа за загрозување на здравствениот билтен на пчелните семејства. Спасот за излез од ваквата состојба пчеларите го гледаат во зголемување на бројот на медоносни култури кои ќе придонесат за поголем принос на пчелата.Студот истотака влијаеше за енормна смртност на пчелите што пак придонесе за намален принос на мед кој годинава руши негативни рекорди само 2 до 4 килограми произведен мед по пчелно семејство. Ова го вклучи алармот кај пчеларите кои се погласно размислуваат за одгледувањето зимска пчела како дел од стратегијата за подобрување на ваквата состојба.Пчеларите од Пијанечко - Благоевградскиот регион кои ги мачат слични проблеми заеднички во Делчево ги договараа чекорите за спас на пчеларството. Инаку здружението Пијанечка Пчела 2 која беше организатор на настанот моментално брои 70 пчелари додека во Пијанечко бројката на пчелари изнесува над стотина.

Најчесто шминката се користи за да се нагласат природните црти на лицето, но некои луѓе знаат да ги препознаат сите можности што ги нуди шминкањето. Мими Чои од Ванкувер, Канада е една од нив.

Изминативе години се имаме изнагледано современи верзии на принцезите од Дизни со кои сме пораснале. Овој пат ќе ја погледнеме најновата замисла на дигиталната уметница Фернанда Суарез од Чиле, која можеби е и најдобрата досега.

Џејн Лонг е фотограф која веќе некое време бои стари црно-бели фотографии.

Натпреварите од 5-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток со интересен и неизвесен натпревар само на дербито во Свето Николе, а додека на останатите три средби домаќините беа подобри од своите противници и заслужено славеа.

Сите знаеме дека ништо не е совршено, вклучувајќи го и нашето модерно општество. Постојат многу работи кои се проблематични и иако ги забележуваме, не преземаме многу за да ги исправиме.

Сите имаме периоди кога сакаме да бидеме сами. Тогаш ги затвораме очите и си замислуваме како се наоѓаме во некое изолирано катче на Земјата каде што ништо не може да ја уништи тишината освен звукот на брановите или шумолењето на лисјата. Денес, ви нудиме можност да уживате во неколку минути самотија без да ги затворите очите. Погледнете ги следниве 10 неверојатни куќи кои се безбедно скриени од окото на јавноста…

1. Ископаната куќа во Тексас, САД
Оваа куќа е сместена 2 метра под земја и однадвор личи на обична ископина. Меѓутоа, во внатрешноста таа има сѐ што е потребно за удобен живот, па дури и мало базенче во дворот.

2. Бунгалов под борови дрвја во Британска Колумбија, Канада
Необичната градба и зелениот мов на покривот ѝ помага на оваа куќа целосно да се претопи во пејзажот.

3. Куќа на покрив од трговски центар во Хунан, Кина

Овој трговски центар со куќи на покривот се наоѓа во град со 4 милиони жители кои имаат многу мал слободен простор за живеење. Токму затоа, архитектонските решенија понекогаш мора да бидат малку необични.

4. Кањонската палата во Јута, САД

Оваа куќа била изградена во 1986 година од страна на еден брачен пар кој сонувал да живее на тивко место. Собите се многу пријатни иако можеби на прв поглед целата градба делува бизарно.

5. Вилата Валс во Валс, Швајцарија

Идејата зад оваа подземна вила има законска основа: Властите забраниле градење на висока зграда, бидејќи тоа би го уништило пејзажот. Токму затоа, архитектот решил да изгради куќа во пештера.

6. Куќа на рид во Кокимбо, Чиле
Оваа куќа што личи на подморница е на два ката, од кои едниот е под земја.

7. Езерската планинска колиба во Хордалан, Норвешка
Главната цел на овој проект била да се постигне целосно соединување со пејзажот и архитектите дале сѐ од себе за да го направат тоа.

8. Пустинска оаза во Калифорнија, САД
Оваа чудна куќа, што личи на купишта суви лисја оддалеку, се наоѓа во калифорниска пустина. Таа е изградена од различни материјали, меѓу кои челик, бакар и стакло.

9. Хотелот во форма на коцка со огледала во Лапонија, Шведска
Надворешните ѕидови на оваа градба се од стакло и се обложени со слој од инфрацрвен филм за птиците да можат да го препознаат како пречка.

10. Пентхаус во карпа во Бејрут, Либан
На почетокот никој не верувал дека може да се изгради куќа во карпа, но овој проект привлекол многу потенцијални инвеститори откако била објавена негова фотографија на Интернет. На крајот, проектот бил прифатен од страна на една либанска агенција за недвижнини.
И бегството на ридот, за кое можеби ќе си помислите дека сликава е плод на вашата имагинација, но станува збор за куќа што навистина постои. Дизајнот бил направен со тоа што било обрнато посебно внимание на брановите и маглата.

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од СДСМ, Горан Трајковски на својата фејсбук страна денеска со промотивни банери промовираше проекти за населбата Втори реон во Старо Делчево.

Во свое видео обраќање кандидатот за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов најави изградба на сообраќајна обиколница на градот Делчево,

Погледнете го целот видео обраќање во целост:

 

Кампунг Пеланги е мало село во Индонезија кое било трансформирано во неверојатна глетка од светли бои и волшебен дизајн, што многу се разликува од неговата претходна распадната состојба. Општината централна Јава која се наоѓа во јужниот дел на Семаранг, потрошила околу 22.000 долари за оваа извонредна трансформација со цел да го спаси лошиот углед на селото.

Иако денес неговото име е светски познато, Никола Тесла не бил многу почитуван во текот на животот. Дали сте знаеле дека еден од најголемите генијалци на сите времиња некогаш бил толку сиромашен што морал да копа канали за да преживее? Прочитајте ги следниве помалку познати факти за Тесла што сигурно ќе ве остават без зборови…

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес конференцијата на кандидатот за градоначалник Горан Трајковски за реформите во образованието во изминатиот период.

Со лансирањето на Спутник во 1957 година започна модерната вселенска ера. Од историското слетување на месечината, изведени се уште многу неверојатни вселенски подвизи, а сигурно ќе сведочиме на уште повеќе. Можеби вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз е завршена, но тоа не значи дека научниците престанале да истражуваат. Погледнете некои од најпознатите први подвизи во оваа област.


1957: Првиот сателит во орбитата на Земјата

На 4-ти октомври, 1957 година, Советскиот сојуз го лансираше Спутник, првиот вештачки сателит. Ова го означи почетокот на вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз.


1957: Првото животно во вселената

Првото животно кое е лансирано во вселената е кучето од Русија, Лајка. Таа преживеала 7 дена во Спутник II, докажувајќи дека живите суштества можат да преживеат во вселената. За жал, немало начин да ја вратат на Земјата, па Лајка е и првото животно кое умрело во вселената.


1961: Првиот човек во вселената

Јуриј Гагарин стана првиот човек кој бил во вселената на 12-ти април, 1961 година. При влегувањето назад во атмосферата имало некои проблеми, па Гагарин излегол од Восток 1 и слетал со падобран.

1961: Првиот Американец во вселената

Алан Шепард направил лет од 15 минути со леталото Фридом 7 на 5-ти мај, 1961 година. Три недели подоцна, претседателот Џон Ф. Кенеди се заколнал дека ќе испрати луѓе до месечината и назад до крајот на 60-тите години.

1961: Првиот човек кој поминал повеќе од еден ден во вселената


Герман Титов е првиот човек кој престојувал во вселената подолго од еден ден. Како дел од мисијата на Восток 2 во 1961 година, тој бил првиот човек кој преспал во вселената.


1962: Првиот Американец кој ја обиколил Земјата

Џон Глен ја обиколил Земјата 3 пати, и тоа за 4 часа и 56 минути, на 20-ти февруари, 1962 година.

1963: Првата жена во вселената

Валентина Терешкова била испратена во вселената од страна на Советскиот сојуз на 16-ти јуни, 1963, со леталото Восток 6. Таа поминала 3 дена сама во вселената.

1965: Првата вселенска прошетка


Космонаутот Алексеј Леонов ја направил првата вселенска прошетка на 18-ти март, 1965 година. Тој бил закачен за леталото Воскод 2 и бил надвор од него 10 минути.

Алексеј Леонов денеска


1967: Првата смрт во вселената

Владимир Комаров-проколнатиот астронаут!

Јуриј Гагарин (лево на сликата) и Владимир Комаров на лов.

Посмртните останки на Владимир Комаров


Космонаутот Владимир Комаров загинал на 24-ти април, 1967 година, кога леталото Сојуз 2 се срушило додека влегувало во атмосферата.


1969: Прва размена на екипаж во вселената

Првата размена на екипаж се случила во 1969 година помеѓу леталата Сојуз 4 и Сојуз 5.


1969: Првиот човек на месечината

Како ветување на Кенеди, Нил Армстронг е првиот човек кој стапнал на месечината, на 20-ти јули, 1969 година. Милиони луѓе го следеле овој историски настан во живо на телевизија. И како што рекол Нил:
„Ова е мал чекор за човекот, но голем скок за човештвото.“

1970: Првото вселенско спасување

Во 1970 година, откако експлодирала боца со кислород на Аполо 13, Контролата на мисијата им помогнала на астронаутите безбедно да се вратат на Земјата после 4 дена. Приказната е раскажана и во книгата на командантот на мисијата, Џим Ловел, „Изгубена месечина“ (Lost Moon), и во филм од 1995 година – Аполо 13 (Apollo 13).

Капсулата на мисијата Аполо 13 во водите на Атлантскиот океан. Астронаутот Џон Л. Свигерт (John L Swigert) кој што бил пилот на командниот модул го креваат со хеликоптер, додека астронаутот Џејмс А. Ловел (James A. Lovell) го чека својот ред.

Утовар на капсулата на Аполо 13:

Доделување на претседателскиот медал за слобода на членовите на екипажот на мисијата Аполо 13 Џон Свигерт, Џим Ловел и Фред В. хејс (John Swigert, Jim Lovell and Fred W. Haise), од страна на американскиот претседател Ричард Никсон на свеченоста после целата мисија и спроведеното спасување на астронаутите во воздухопловната база Хикам на Хаваите (Hickam Air Force Base, Hawaii)

1972: Првото летало кое го напуштило Сончевиот систем

Пионер 10 бил лансиран во 1972 година и стана првото летало кое го напушти сончевиот систем на 22-ри септември 1990 година. До овој момент тоа поминало растојание 50 пати поголемо од она помеѓу сонцето и Земјата. Моментално се движи кон соѕвездието Бик.
1973: Првата американска вселенска станица
Скајлаб бил лансиран на 14-ти мај, 1973 година, но бил оштетен за време на лансирањето. Првиот од 3-те екипажи пристигнал 11 дена подоцна, и останал 28 дена. Тие направиле некои поправки и го поставиле рекордот за најдолг престој во вселената (во тоа време).

1976: Првото слетување на Марс

Викинг 1, леталото без екипаж ги испратило првите слики од површината на Марс на 20-ти јули, 1976 година.


1981: Првото вселенско летало за повеќекратна употреба

Вселенскиот шатл Колумбија полетал како ракета и слетал како авион во 1981 година. За жал, Колумбија се распаднала во 2003 година, кога се скршил дел од надворешниот резервоар и се заглавил во левото крило, притоа убивајќи го целиот екипаж.


1983: Првиот Афроамериканец во вселената

Гуијон Блуфорд Џуниор стана првиот Афроамериканец кој отишол во вселената со леталото Челинџер на 30-ти август, 1983 година.


1984 Првата вселенска прошетка без јаже

Во 1984 година Брус МекКандлес и Роберт Стјуард ја извеле првата вселенска прошетка без јаже. Тие биле опремени со ракетни појаси со чија помош се движеле и не биле закачени за леталото.


1986: Првата смрт на цивил

Кога експлодирал шатлот Челинџер на 28-ми јануари, 1986 година, загинале сите членови од екипажот, вклучувајќи ја и Криста МекАулиф, првата наставничка во вселената.

1990: Првиот вселенски телескоп

Во 1990 година е лансиран Хабл, првиот вселенски телескоп. Ова технолошко чудо ни дозволи да погледнеме подлабоко во вселената од кога било порано. Огледалото на телескопот било оштетено брзо по лансирањето, но поправено е во 1993 година.


1997: Првото гласање од вселената

Во 1997 година, астронаутот Дејвид Вулф е првиот човек кој гласал од вселената. Тој се наоѓал на вселенската станица Мир и неговиот глас тајно бил пратен до Контролата на мисијата во Хјустон.


1997: Првото патување на површината на друга планета

Иако веќе имало едно летало на Марс, роботот Соџурнер е првото возило кое ја истражувало површината на Марс откако слетало на 6-ти јули, 1997 година.


2001: Првиот вселенски турист

Денис Тито не е само американски инженер и милионер, тој е и првиот вселенски турист кој сам го финансирал овој подвиг. Тој поминал 8 дена во орбитата на Земјата и ја посетил Интернационалната вселенска станица.


2003: Првиот брак од вселената

Рускиот космонаут Јури Малеченко се оженил на 10-ти август 2003 година. Она што е интересно, е што тој бил во вселената во тој период.

Семејните игри се огромно поле за заработка на создавачите на видео игри, так што секоја година има најава за повеќе од стотици игри кои што ветуваат незаборавно изкуство за децата за кои нивните родители со задоволство ќе платат. 

Но во овој бескорпулозен свет на трка за профит сепак се ќини дека пазарот го освојуваат игри кои што освен визуелизација имаат да понудат и нешто многу  повеќе. А тоа е натпреварувачки дух за целото семејство заедно кое без никаков пардон ќе седне да одигра некоја игра во нивниот дом.

Во продолжение Ви ги пренесуваме најзначајните семејни игри за различни платформи на поддршка за 2017 година.

23.Knack 2 (PS4)

24.Sea of Thieves (Xbox One, PC)

21.Lego Dimensions (PS4, Xbox One, PS3, Xbox 360, Wii U)

20.Arms (Switch)

19.Lego City Undercover (PS4, Xbox One, Switch)

18.Super Mario Odyssey (Switch)

17.Mario Kart 8 Deluxe(Switch)

16.Skylanders 2017 (PS4, Xbox One, Wii U, PS3, Xbox 360, Switch)

15.Gran Turismo Sport (PS4, PSVR)

14.Spider-Man (PS4)

13.The Legend of Zelda: Breath of the Wild (Wii U, Switch)

12.Light Seekers (iOS, Android)

11.Portal Knights (PC)

10.Fire Emblem Heroes (iOS)

9.Animal Crossing (iOS)

8.Alto’s Odyssey (Android iOS)

7.Yonder: The Cloud Catcher Chronicles (PS4 and PC)

6.Football Manager Touch

5.Halo Wars 2 (Xbox One, Windows)

4.Yooka-Laylee (Xbox One, PlayStation 4, Nintendo Switch, PC)

3.Splatoon 2 (Nintendo Switch)

2.RiME (Nintendo Switch, Windows PC, Xbox One, PlayStation 4)

1.LEGO Worlds (PS4, Xbox One, PC)

>асд

На интернет се појави видео снимка на која се гледа како објекти ненедејно се придвижуваат во ходникот на гимназијата Дирпарк ЦБС на југот од градот Корг сити.

Дали станува за многу добра видео монтажа и измама или нешто друго проценете сами.

Предупредување: Видеото содржи ненадејни движења и може да биде штетно за некои гледачи.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ во Делчево, Горан Трајковски денеска оствари работен состанок со неколку членови на невладини организации од Делчево.

Притоа беше потпишан Меморандум за соработка во иднина, доколку ја добие поддршката од граѓаните на Делчево на претстојните локални избори.

 

Превземено од фејсбук.

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција преку видео порака најави доизградба на кејот на реката Брегалница  во градот Делчево.

погледнете го целиот видео прилог во продожение:

Замислете личност која работи од дома. Сигурно првото нешто што ви паѓа на ум е некој што носи пижами и што гледа видеа на својот лаптоп. Ако сте го помислиле ова, не сте единствените.
„Многумина мислат дека работењето од дома е одложување од дома“, изјавил Николас Блум, професор по економија на Универзитетот Стенфорд.

Животниот век на луѓето е значително зголемен од 19-тиот век. Но ова не мора да значи дека тој ќе продолжува да се зголемува. Во списанието Nature било објавено истражување во кое научниците го одредиле максимумот на животниот век на луѓето.

Бошко Васев, успешен и угледен жител на германскиот град Бретен, кој е роден во село Бигла, Општина Делчево, упати своја видео порака на јутјуб каналот со која ја изразува својата сестрана поддршка за кандидатот за градоначалник на Деклево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов.

Г-динот Васев најави и неколку иницијативи за соработка доколку Иван Соколов стане градоначалник на Делчево, во интерес на граѓаните на општината и регионот.

Погледајте го видеото во продолжение:

Научниците откриле дека невроните во мозокот на цицачите можат да создаваат фотони, односно биофотони. Фотоните се појавуваат во видливиот спектар на светлината. Тие се од речиси инфрацрвени до виолетови, односно со бранова должина помеѓу 200 и 1.300 нанометри.

Дали се сеќававте кога сте биле мали и кога вашите родители ве испраќале во собата бидејќи не сте биле мирни? Зарем не сте посакале да можете да го направите тоа и со некој возрасен? Во Шведска тоа е возможно. Ова е мала колиба од стакло која е опкружена со природа и е дизајнирана со цел да им помогне на луѓето кои се многу изложени на стрес. Ова е еден вид рехабилитација за луѓето на кои им е потребен краток одмор.

Невролозите користеле софистицирана математика за да ја истражат структурата на нашиот мозок. Она што го откриле е дека нашиот мозок содржи повеќе димензионални геометриски структури и простори, односно дека тој може да функционира во 11 димензии.
Ние сме навикнати на 3-те димензии, но ова неодамнешно истражување можеби ќе го промени начинот на кој ја гледаме реалноста. Алгебарската топологија се користи за да истражува разни „дупки“ во структурите, а научниците велат дека има голема примена во разбирањето на нашиот мозок.
„Го откривме она што не го ни замислувавме. Постојат десетици милиони од овие структури во 7 димензии. Во некои мрежи откривме структури и во 11 димензии“, изјавил Хенри Макрам, еден од научниците кој работел на проектот.
Ние едноставно не можеме да ги сфатиме овие комплицирани структури бидејќи нашето разбирање за светот е во 4 димензии, односно во 3-те просторни и времето. Иако не можеме да ги замислиме, математиката може да ги објасни овие врски.
„Алгебарската топологија е како телескоп и микроскоп во исто време. Може да ги доближи мрежите за да пронајде скриени структури – дрвјата во шумата, но и да го види празниот простор помеѓу нив“, изјавила математичарката Кетрин Хес.
Броеви и врски
Човечкиот мозок има околу 86 милијарди неврони, со по неколку врски во секоја насока. Ова ја создава мрежата која нè прави способни да размислуваме и да бидеме свесни. За математичките тестови научниците ја користеле првата дигитална копија од делот на мозокот кој е одговорен за чувствата и свеста.
Виртуелни песочни замоци
Во ова истражување неколку тестови биле направени на виртуелен мозок, а неколку на вистински. Истражувачите откриле дека нивниот виртуелен мозок создал организиран систем градејќи кула во неколку димензии.
„Активноста на мозокот наликува на повеќе димензионален песочен замок кој се материјализира од песокот, а потоа се распаѓа.“
Што добиваме од овој пронајдок? Милијарди и милијарди неврони, две научни полиња и само почетокот на откривање на работите кои ги изучуваме.

Во филмот се зборува за Дана, која е потоната во секојдневниот живот. Домаќинка која живее со својата мајка, сопруг и три деца во пустелија , во македонско село. Во денот кога колат свињи во средината на зимата, наместо вообичаениот месар, кај нив доаѓа Марко, нејзината голема љубов од минатото. Дана... го губи единствениот момент за да се збогува со нејзината болна мајка, Перса.

Ослободување на деловната бизнис клима од стегите на политиката, неселeктивното исплаќање на повратот на ддв како и законот за минимална плата беа едни од клучните теми на разговор на синоќешната средба на Министерот за финансии Драган Тевдовски кој во Делчево се сретна со претставници на бизнис заедницата.

Приватните стопанственици од Делчево на Тевдовски му ги посочија проблемите со кои се соочуваат во насока на одржување на политиката која Владата му ја наметна на бизнис секторот согласно донесениот закон за минимална плата од 12.000 денари. За дел од стопантсвениците одлуката е добра, но воедно и одлука која прави дисбаланс помеѓу работната сила во самите фирми.

Ова според Тевдовски ќе се надмине со надминување на поставените норми за самите работници.

Намалување на неконтролираниот увоз и намалување на данокот од 18 на 5 проценти за ветеринарните услуги беа само дел од барањата упатени до министерот за финансии.

Инаку, освен ова стопанствениците најмногу забелешки имаа и на фирмите кои го злоупотребуваат законот со вработување на инвалидни лица како и злоупотребата на проектот "Mакедонија вработува".

На тема реформи во образованието денеска со своја прес конференција излезе кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на СДСМ Делчево.

Погледнете ја целосната изјава во продолжение:

Нашето преубаво и гордо Делчево е во екот на предизборната кампања на двата ривалски политички табори на ВМРО-ДПМНЕ заедно со здружената коалиција наспроти Општинската организација на СДСМ од Делчево.

Во континуитет повеќе години назад во рамки на предизборните кампањи што ги имаат реализирано овие две политички партии, забележлива е една одлика која го издвојува Делчево пред сите други градови од регионот. А тоа е големата љубов и посветеност на организацијата на главните митинзи од страна на ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициони партнери.

На интернет можат да се пронајдат повеќе видеа со кои барем во дел може да се долови атмосферата на самите митинзи на оваа партија иако за да се доживее целосното чувство на еуфорија, човек само може да посака да присуствува меѓу активистите, членовите, симпатизерите но и мноштвото на партиски неопределени граѓани кои ги посетуваат митинзите кои ги организира партијата.

Во продолжение пренесуваме дел од нив.

ВИДЕО -1-

ВИДЕО -2-

 Прегледајте ја нашата галерија на фотографии од минатите години на кои може да се забележат по се карактеристиките на една народна манифестација на сплотеност и енергија за напредок.

ozio_gallery_nano
 

Она што се најавува од страна на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов за претстојниот митинг во среда на 11.10.2017 година со почеток во 20.30 часот е дека тоа ќе биде досега најсилниот и најмасовен митинг кој што бил организиран некогаш во минатото на партијата во Делчево

Околу 20 грла на добиток препуштени сами на себе како преку ден, така и во текот на ноќта, прават вистинска опасност на патот Каменица Кочани.

Опасноста е дотолку полоша заради непреглениот терен и лошите услови на патот. Кравите најчесто може да се забележат кај месноста Драки и во тој дел се препорачува доста внимателно возење.

Загрозени возачи и загрижени граѓани често реагираат до надлежните органи, но до сега нема никаква реакција во насока за решавање на овој секојдневен проблем.

Во населените места максималната дозволена брзина ќе биде 50 километри на час, а не 60 како досега. Ова е предвидено со најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои стапуваат во сила денеска.Измените предвидуваат и други новини кои се однесуваат не само на граѓаните, туку и на правните лица, велосипедистите, таксистите,… Со нив воедно, постојното законско решение се усогласува со Законот за прекршоци и со европската регулатива.

Ракометниот клуб Делчево на домашен терен претрпе убедлив пораз од Ракометниот клуб Вардар Неготино во неделниот првенствен дуел во македонската прва лига.

Екипата на РК Вардар Неготино ја имаше целосната контрола над поседот на топката, играта и темпирањето на кондицијата на своите играчи.

Првото полувреме заврши со 15 спрема 7 во корист на гостинската екипа, додека резултатот на крајот на натпреварот беше 30 спрема 23 за РК Неготино.

Во екипата на РК Делчево евидентен беше недостигот на енергичност и цврстина во одбраната што резултираше со голема ефикасност на гостинските напаѓачи од сите позиции. Забележетелен беше учинокот на голманот на РК Делчево, кој се издвои со својата индивидуалност на одбрана во домашната екипа. Нивото на кондиција во втората полиовина од второто полувреме драстично падна кај домашната екипа што дополнително влијаеше на играта и резултатот.

Неповолниот резултат не влијаеше на расположението на големиот број на публика во спортската сала во Делчево, што дополнително говори за фактот за големата желба и потреба за спортски натпревари и натпреварувачки дух во Делчево.

Натпреварот се одигра во спортската сала при СОУ ММ Брицо во Делчево со почеток во 15.00 часот.

Наредниот натпревар екипата на РК Делчево го игра со екипата на РК Струга на гостински терен. 

 

 

Човечки череп и коски најдени се во местото Црвен Брег, во близина на депонија за градежен отпад во Берово.

Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера околу 14:30 часот во Полициската станица Берово, А.С. (43) од Германија, со престојувалиште во Берово, движејќи се во местото „Црвен Брег“, во близина на депонија за градежен отпад, забележал дел од череп кој наликувал на човечки.

По вчерашниот извршен увид од екипа од ПС Берово во непосредна близина пронајдена била и вреќа во која имало коски кои наликувале на човечки. Коските биле подигнати од местото на настанот од страна на увидна екипа од ПС-Берово за понатамошна постапка.

На фејсбук утринава се појавија неколку фотографии на кои се прикажани двајца основачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Едниот е актуелниот градоначалник на Делчево г-динот Дарко Шехтански, кој во својата рана младост беше еден од основачите на Општинскиот комитеет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, а другиот е Иван Соколов кој тековно е во трка за градоначалничката позиција што треба да ја превземе од Шехтански, на претстојните локални избори.

Овие двајца маркантни политички дејци од времето на осамостујувањето на Република Македонија, имаат многу што да разговараат, меѓусебе но сигурно најважна од темите е борбата против деструктивните политики врз македонските национални интереси,  кои што раководството на СДСМ и Зоран Заев ги спроведе во изминатите повеќе од 100 дена.

Од интерес на граѓаните на Делчево е секако дали ваквите политики кои што актуелната Влада на Зоран Заев ги спроведува на национално ниво ќе се преточат исто така и на локално ниво преку кандидатот на СДСМ за градноначалник на Делчево, г-динот Горан Трајковски, за што останува да видиме во претстојната политичка трка.

 

 

Фестивалот за хумор и сатира Ин Виница веритас од 2-6 Октомври по 6 пат ќе се одржи во домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Програмата започнува во понеделник со портрет на Ивајло Цветков и ретроспективна изложба на дела од авторот. Како што истакна Славка Данев, директор на домот на културата вечерниот термин е резервиран за настап на Народно позориште „Бора Станковиќ“ од Врање.
-Гостите од Врање ќе се претстават со претстава по текст од Нушиќ. Во рамки на вториот дел од фестивалот, Ивајло Цветков ќе одржи работилница за карикатура, а предвидено е и детско хумористично шоу. Настапот на театрите „Крик“ и „Комедија“ од Скопје е предвиден за вечерните часови, брифираше Данев.
Освен ова на фестивалот ќе настапат и театри од Охрид и Велес а фестивалот ќе биде затворен со настап на Стенд ап комедија за коај ќе се погриќи комичарот Марјан Ѓеоргиевски. Фестивалот „Ин Виница веритас “ и одинава е поддржан од општина Виница.

Сегашниот и кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица Дарко Митевски оствари средби со членови на Здружението на пчелари и со фолклорни работници од Македонска Каменица.

На овие средби беше потврдена досегашната успешна соработка, а беа претставени и неколку нови проекти од победничката Изборна програма 2017-2021, во која е предвидена силна поддршка за невладиниот сектор и за сите чинители кои допринесуваат за развој на одделни сегменти од општествениот живот во Македонска Каменица или ја промовираат општината во државата и светот.

Најчитано: Флеш- Интересно

No result.
loading...

Наши пријатели