При денешниот пороен дожд кој го зафати градот Делчево и целата Делчевска котлина беа наврнати огромни количини на атмосферска вода за многу мал временски период.

Овие големи количества на атмосферска вода предизвикаа изалеавање на канализационите цевки во населбата Ново Делчево, поточно на улицата Осоговска. Станува збор за населба во која нема изградена посебна атмосферска канализација а канализациони цевки кои се наменети за фекални води, немаат капацитет за прием на атмосферската вода. Дополнителен проблем е постоењето на неколку метални решетки во профилот на улиците во кои се слеваат големи количини атмосферска вода наеднаш ос самите асфалтни површини, особено при вакви поројни дождови. Овие решетки за прием на атмосферска вода пак се повторно вклучени во фекалната канализација која при вакви порои се излева и предизвикува штета за жителите кои се на пониска апсолутна кота со нивните приватни стамбени објекти.

До нас пристигна видео и неколку фотографии кои ги објавуваме во оваа статија, како и апел од страна на самите граѓани до надлежните институции овој огромен проблем кој го имаат да биде решен во најбрз можен рок. При денешната проблематична ситуација самите граѓани сведочат како  досега пет пати по ред во минатото се случувала оваа слика.

Денеска уште утрината во 07.00 часот пријавиле во ЈПКД Брегалница за постоење на проблемот чии што екипи дошле на лице место околу 12.00 часот на пладне кога наврнаа најголемите количини на дожд, и тоа баш во време  самата хаваријасе случувала.

За одбрана од самата стихоја граѓаните мораче да реагираат со омпровизирани насипи за да спречат водата да не им навлезе во домовите.

Дополнително проблем се создава од наносите на песок кој што легнува во канализационите цевки и го намалува и така малиот проточен профил на самите цевки. Чистењето на самите цевки од нанос е секако макотрпен процес и не е целосно решение на проблемот туку негово делумно и во мал интензитет решавање. 

Изградбата на посебна атмосферска канализација е оптимално решение, но процесот за нејзина реализација секако чини многу пари, но е успешен и ефикасен начин за надминување на ваквите проблеми.

Истиот проблем се рефлектира во повеќе населби во општината на повеќе критични места.

Во 2015 година беше започната постапка од општина Делчево за изработка најпрво на проект за изведба на атмосферска канализација за поголем дел од населбата Милково брдо, при што во 2016 и 2017  година беше изградена нејзината главна собирна гранка долж улиците Даме Груев, Ѓорче Петров и дел од Македонска.

Потребно е да се продолжи со уште посилно темпо за реализација на вакви и слични проекти се со цал граѓаните да не се соочуваат со вакви секојдневни проблеми при секој пороен дожд.

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна