Студентите од Унивезитететот „Гoце Делчев“ - Штип ќе оддржат студентска етно-културена манифестација против претворањето на Македонија во двојазична држава и промената на името Македонија.

loading...

Студентската етно-културена манифестација ќе се оддржи на 30-ти март во 18:00 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип.

Организаторите на настанот соопштуваат дека овој настан е целосно непартиски и студентите се оградуваат од политичките партии и сите останати здруженија.

Оваа манифестација е организирана од студенти од сите универзитети од Република Македонија. Исто така, овој настан ќе биде и мултикултурен, а на присутните ќе им се обратат и припадници на помалите етнички заедници, кои ќе го искажат своето незадоволство од двојазичноста.

loading...

На настанот ќе биде упатена јасна порака дека младите не прифаќаат промена на името Македонија и дека младите се тие кои треба да одлучуваат за иднината на оваа земја, а не политичарите.

Од страна на организаторите на фејсбук беше упатена и покана за Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети да дојдат на дебата во Штип и јавно да одговараат на прашањата од студентите.

Студентите порачуваат дека државата останува во рацете на младите, а не на политичарите и затоа бараат политичарите да не ја уништуваат нивната иднина преку промената на името и воведување двојазична држава.

Официјалниот настан на фејсбук за овој своевиден проетст е достапен на сл. линк каде јавноста може да се информира со деталите за истиот.

loading...
;

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна