До кога истата "бајата" приказна ќе се преповторува во Делчево од памтивек до памтивек?

loading...

Овој начин на крпење на ударни дупки е технички крајно несоодветен и во огромна мера штетен во однос на трошењето на јавни буџетски сретства на граѓаните на Република Македонија (вклучително и Делчево.

Оваа т.н. ладна метода за вградување на количини на асфалт ниту е целисходна ниту практична затоа што со истата не се постигнува речиси никаков ефект за што е наменета.

Минимум неопходните практики кои гарантираат некаква оправданост на оваа метода, бараат сечење на асфалтот до здрави и дефинирани ивици, уредување на носивиот тампонски слој до соодветна збиеност, нанесување на битуменска емулзија (особено на ивиците на спој на стариот и новиот асфалт), нанесување на новиот асфалт и негово фиксирање со збивање.

Од сето ова посочено се чини дека наредбодавците на ваквата крајно несоодветна практика  имаат само желба за паушално вршење на некаква работа (за која се платени) која не е од интерес на граѓаните.

Затоа апелираме санирањето на ударните дупки во општина Делчево и пошироко во државата да се прави на соодветен начин со исполнување барем на минималните постапки за постигање на каков-таков ефект кој што ќе е во прилог на самите граѓани.

Употребливоста на улиците со вака "закрпените" ударни дупки  е минимална, трошоците за работна сила и материјал (асфалт) се направени, а за недела-две граѓаните пак ќе можат да си ја препознаат истата дупка која претходно била "крпена".

Напомена: Фотографиите во оваа статија се доставени од страна на загрижен граѓанин кој смета дека оваа практика треба да биде идентификувана во јавноста и во иднина истата да биде надмината.

loading...

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна