Огромен број на Македонски интелектуалци, професори, активисти, академици и стопанственици со отворено писмо упатено до политичките елити во државата застанаа против ултиматумот за промена на уставното име на Република Македонија.

 

loading...

Во повикот оваа огромна и значајна група на граѓани најпрвин истакнуваат дека:

1) Република Македонија е мирољубива членка на меѓународната заедница, и нема ниту еден активен спор со ниту една држава членка на ОН. Нашето право на самоопределување и на самоидентификација не потекнуваат од 1991 година, туку се резултат на историски процес на самоафирмација и на борба за сопствена држава која симболично започна со првиот Илинден во 1903 година, а беше крунисана со вториот – со Заседанието на АСНОМ од 1944 година. Третиот Илинден, од 8 Септември 1991 година беше само чин на континуитет, легитимиран со наодите на Извештајот на Бадинтеровата комисија и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011 година.
2) Приемот на Република Македонија во ОН беше извршен со флагрантно кршење на Повелбата, при што на државата ѝ беа наметнати два дополнителни и згора нелегални услова – обврска во меѓународните односи да биде претставувана под референцата „БЈРМ“, како и да разговара со Грција околу разликите во врска со името. Поради слабоста на државата, неспособната дипломатија и плашливото и субмисивно државно водство, разговорите прераснаа во преговори. Денеска сме исправени пред ултиматум да го промениме уставното име на државата, нашата заедничка политичка заедница.
3) Одлучувањето за ова прашање излегува од рамките на уставот утврдените надлежности на носителите на власта. Никој, вклучително и Владата, Собранието и Претседателот на Републиката, нема уставно овластување да одлучува за промена на името, дури и ако е „само“ за меѓународна употреба. Ветувањето дека народот ќе одлучи на референдум, исто така, не е засновано ниту на Устав ниту на закон, бидејќи за промена на името на државата, а особено за одредбите за идентитетот, не постои норма од позитивното право за распишување референдум, ниту консултативен ниту задолжителен.
4) Во изминатите 27 години, дури 137 држави нѐ признаа под уставното име, а нашите официјални државни претставници во меѓународната комуникација го користат уставното име (the Republic of Macedonia, во англиската комуникација). Интелектуалците, културните работници, писатели, научници, уметници, лекари и професионалци од сите области, со своите меѓународни постигнувања успеаја да се изборат нивните колеги и партнери да ги почитуваат и да ги ословуваат на начин вообичаен за сите други државјани на трети земји.
loading...
по што до надлежните институции и политички партии ги упатуваат сл. прашања:
1) Зошто молчите во врска со Бадинтеровиот извештај?
2) Зошто се однесувате како виновник/ иредентист кога в рака ја имате пресудата на Меѓународниот суд на ОН, во која експлицитно се аргументира дека ниту едно дејствие на нашата држава не е или не било иредентистичко?
3) Кој ве овластил да преговарате за името и за идентитетот?
4) Зошто вршите притисок врз јавноста дека е ова историски миг за влез во НАТО, кога фактите зборуваат дека самит не е потребен доколку членките на НАТО одлучат да ја примат земјата без уцени, согласно со Времената спогодба и со пресудата на Меѓународниот суд на правдата на ОН?
5) Без политичка визија, храброст и доблест, вие, политичарите и од власта и од опозицијата, се обидувате да задушите секаква суштинска дебата и да избегнете отчет пред граѓаните, за чиј идентитет преговарате. Дали и ова прашање планирате да го „киднапирате“ и да го решавате вонинституционално и вонуставно, доведувајќи ја јавноста пред свршен чин?
Во својот отворен повик оваа група на граѓани упатуваат три барања со кои веруваат дека ќе се намине ситуацијата во која како што велат дека директно се предизвикува несигурност, страв и можен внатрешен конфликт во државата.
 
1) Да престанете со пропагандата дека постои национален консензус и дека преговорите се водат „само“ за промена на името на државата. И на обичниот човек му е јасно дека станува збор за македонскиот идентитет, нашиот овде и оној на Македонците што се малцинство не само во Република Грција, туку и во другите соседни земји.
2) Да признаете дека немате ниту елементарна стратегија или изградена позиција за ова прашање! Бараме веднаш да почнете консултации околу пристапот којшто упорно се обидувате да го сокриете. Да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до Генералното собрание на ОН како единствена меѓународна инстанција во која Република Македонија не е Давид наспроти моќниот Голијат, туку е рамноправна членка со сите држави кои ја признаваат под уставното име; да се стави крај на употребата на референцата и да се донесе резолуција на Генералното собрание на ОН со која на РМ би ѝ се гарантирал непречен прием во меѓународни организации под уставното име.
3) Обидете се да ја сплотите нацијата и да создадете вистински национален консензус околу внатрешните приоритети и демократски вредности, наместо да ѝ давате приоритет на надворешната политика што ја водите по диктат, вршејќи притисок и делејќи ги своите граѓани, а во полза на туѓи геополитички интереси. Свртете се и погледнете го сопствениот двор, затрупан од скршени ветувања и разочарувања. Ниту една меѓународна инстанција нема да може да го направи она што е наша домашна задача, а за што сте првенствено одговорни вие! Убедете ја ЕУ дека имаме капацитет за членство спроведувајќи ги реформите дома! Македонија ни е поважна од која било меѓународна организација!
loading...
Помеѓу објавената листа на потписници на овој отворен повик межу другите се наоѓаат: Билјана Ванковска, професор; Гордана Силјановска Давкова, професор; Митко Маџунков, академик; Витомир Митевски, академик; Солза Грчева, професор; Љубомир Цуцуловски, професор; Горазд Росоклија, професор (САД); Јован Донев, амбасадор; Вера Лалчевска, кореспондент на ОН; Горан Трајковски, музичар; Александар Ношпал, дизајнер; Димитар Апасиев, доцент; Жидас Даскаловски, професор; Наде Проева, професор во пензија и многу други.
Отворениот повик е достапен на сл. интернет врска тука.
Граѓаните кои сакаат да се потпишат зад овој повик истото может да го направат на сл, интернет врска тука
 
 

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна