Сума:

Ноќеска огромна карпа која се свлече на патот Делчево -Македонска Каменица-Кочани предизвика прекин на сообраќајот на овој патен правец.

loading...

Влажното време, ниските вечерни температури кои предизвикаа голема осцилација на вечерната температура, овозможија пукање на поголем блок на карпи од стрмните косини надвиснати над самиот коловоз во близина на селото Истибања во непосредна близина каде беше неодамна санирана свлечената карпа која повеќе години стоеше на самиот коловоз несанирана.

Сообраќајот од изутрина е пренасочен по регионалниот пат Делчево-с. Бигла-Виница што е единствена друга алтернатива на Делчево при сообраќајната комуникација со овој дел од државата.

Екипи на ГП Гранит од изутрина се екипираат со човечки ресурси и поголема градежна механизација за надминување на проблемот. Се очекува попладне проблемот да биде надминат.

loading...

Зачестените проблеми на овој патен правец се секојднево поевидентни со што предизвикуваат огромни потешкотии за граѓаните на овој дел од Република Македонија.

Апелираме до надлежните институции за започнување на долгорочна постапка за изградба на алтернативното решение за автопатско поврзување на Делчево со што значително ќе се подобрат животните и транспортни услови за граѓаните но и економијата во нашиот град со заживување на истиот во секој поглед.

-"Ова веќе НЕ СЕ ИЗДРЖУВА!"-соопштија повеќе граѓани кои мораа да се прилагодуваат на оваа проблематична настаната ситуација од утрово.

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна