Сума:

Како што претходно предложивме регионалниот пат А3 да се преименува во "Пат на смртта" поради опасноста од постоење на огромен број на одрони на карпи кои при секој влажен период се присутни во било кој момент на коловозот, со што директно го загрозуваат животот на патниците, сега можеме да заклучиме дека овој пат има и свој здравствен оддел: "Амбуланта за третман на камен во бубрези".

loading...

Станува збор за патниот правец Делчево-Македонска Каменица-Кочани кој покрај опасните кривини, недостигот на сообраќајна сигнализација, опасните потенцијални одрони на карпи и клизишта на цели земјени блокови има очајна состојба на одредени делници на коловозот.

Оваа наша сатирична асоцијација потекнува од фактот за постоењето на огромен број на ударни дупки во асфалтот на самиот коловоз, на повеќе делници со што возењето по него е речиси невозможно.

Со секоја поголема брзина од 30км/час пропаѓањето во дупките предизвикува тресок кој ги оштетува возилата но влијае и на самите патници...

Фотографиите во оваа статија се превземени од фејсбук од револтирани сограѓани кои секојдневно преживуваат хорор долж овој патен правец

**Овој текст секој од нашите читатели да го земе со со доза на сатира, но не да се насмее туку да укаже на потребата за што е можно поитно решавање на проблемите кои се присутни на овој патен правец кој секојдневно ги загрозува животите на делчевчани но и на сите останати кои го користат.

loading...

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна