По денешното интевју на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Сител Телевизија, се одзва провесорот на Филозовскиот факултет при УКИМ во Скопје.

loading...

Прочитајте го неговиот фејсбук статус во продолжение:

-"ПЕДРО ЌЕ ВИСИ. Во денешното интервју за Телевезија „Сител“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, недвосмислено рече дека е оптимист околу прашањето за името. Без било каква резерва/задршка рече дека тоа ќе било решено до средината од годинава, во ниту еден момент непроблематизирајќи ја потребата од промена на името. Тоа значи дека името на Република Македонија ќе биде сменето. Единствено останува отворено прашањето кое име ќе биде прифатено од понудениот с е т имиња.(Боже, колку убав израз – с е т имиња!). Поедноставено кажано, сѐ појасно станува дека, и според Мицкоски, Педро ќе виси. Неизвесно е само под кое име ќе виси, односно ќе биде обесен. Дали како Педро-Не-Педро или како...? Значи, директно е кажано дека Република Македонија ќе виси. Останува единствено да се почека под кое име ќе виси, односно ќе биде обесена. Врв во неговото интервју беше изјавата дека во Македонија правото функционирало!

Очигледно е дека македонскиот народ, заедно со речиси сите граѓани, е препуштен самиот на себе. Што значи таквата ситуација секому – кој има барем елементарни познавања од политиката, правото, социологијата или филозофијата – е јасно.

P.S. Во скоро во сите медиуми – само п а т е м н о, како дел од останатите вести – беше споманто дека на денешен ден бил роден Гоце Делчев."

loading...

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна