Сума:

Континуираното влажно време и последните врнежи на дожд доведоа до особено влошување на сообраќајните услови долж регионалниот пат А3 кој го поврзува Делчево со остатокот од Република Македонија преку Македонска Каменица и Кочани.

loading...

На сликите (превземени од фејсбук) кои ги прикажуваме се гледаат апокалиптични сцени на обрушени карпи кои доволно страшно изгледаат кога стојат надвиснати над кривулестиот и несоодветен коловоз во погодни временски услови, додека ова што може да се забележи како состојба на самата траса денеска е многу повеќе страшно.

Екипите на Јавното претпријатие за државни патишта според расположивите информации се на терен и во рамки на своите можности чинат максимум да се санираат овие опасности кои се повеќе од евидентни. Оваа состојба прикажана на фотографиите е присутна речиси на целата траса која е под закана на свлечишта на патот Делчево-Македонска Каменица-Кочани.

Ова прашање во огромна мера не е повеќе политичко прашање туку егзистенцијално за граѓаните на Делчево, особено ако се има предвид дека во последните години состојбата со нарушените експоатациони сообраќајни услови на овој пат се повеќе и повеќе се влошува.

loading...

За потсетување, овој пат е граден како траса за потребите на експлоатација на рудникот Саса во Македонска Каменица со неговото отварање. Во текот на децениското негово постоење е повеќе пати адаптиран и му се подобрувани сообраќајните услови онаму каде што теренот тоа го дозволуваше. Но главните проблеметични делници на патот кои што претставуваат сериозна закана за безбедноста на патниците останува и понатаму.

Алтернативното решение за замена на оваа траса со ново автопатско решение (проект кој има поминато почетни фази имплементација во изминатите години) е закочено во лавиринтите на извршната власт без јасни информации дали се планира негова понатамошна имплементација во близок временски рок.

Дотогаш "слаломот" на патниците кои го гористат овој пат за кој предлагаме слободно да се именува како "пат на смртта" ќе биде присутен и понатаму, и апелираме на особено претпазливо возење со прилагодена брзина на условите на самиот пат, како не би дошло до несакани последици.

loading...

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна