Сума:

Во Скопје вчера (недела 17.12.2017 година) почина еден од најмаркантните појави на Македонското авторско небо, човекот кој е еден од идејните творци на Македонската современа сатира, Иван Карадак.

Помеѓу пошироката јавност Карадак е познат како автор на Хумористичната емисија "Хихирику" која долги години се емитуваше на програмата на Македонското радио во својот редовен термин секоја недела во 11.00 часот.

ivankaradak

Последно емитување оваа популарна радио емисија која што за многу генерации е своевиден бренд на Македонското радио, беше во март 2017 година кога поради финансиски проблеми емисијата беше згасната. Во своето 4 децениско постоење, емисијата "Хихирику" околу себе ги обединуваше најзначајните актери, новинари и радио работници а помеѓу народот беше особено популарна. Главна цел на нејзиното постоење беше да ги исмева недостатоците од сите сфери на општественото живеење во Македонија, без разлика на тоа која политичка гарнитура беше на власт во државата. 

Покрај оваа емисија  Иван Карадак е автор на голем број на театарски претстави (Угоре високо – Удолу длабокоХумористична партија,  Како да ја убиеш сопругата и зошто“, многу претстави за деца и радио драми), збирки на афоризми и збирки на сатирични песни.

Неговото авторско влијание слободно можеме да го подредиме со најголемите современи автори во Македонското литературно творештво.

За својата работа Иван Карадак има добиено голем број на награди и признанија меѓу кои најзначајна е државната награда Св. Климент Охридски.

Во рамки на Манифестацијата "Пијанечки денови на сливата 2014" и третиот Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам "Пијанец 2014", Иван Карадак беше награден со Награда за животно дело за што му беше доделена Плакета од страна на Градоначалникот на општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански.

Иван Карадак подолг временски период назад е наш надворешен соработник, а негови афоризми беа објавувани на страните на нашиот интернет портал.

После него се чини сатирата во Македонија и пошироко во меѓународни рамки може да биде само по тажна.

Чичко Иван почивајте во мир.

ИН МЕМОРИАМ

ИВАН КАРАДАК

1946 (Охрид)-2017 (Скопје)

karadaki

Сите негови пријатели ќе можат да се простат од него денеска (понеделник 18.12.2017 година) во 12.00 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје, кога ќе биде извршен погребот.

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?

 


 

Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна