Христијанскиот празник „Слегувањето на светиот дух - Педесетница“ во народот познат како „Духовден“ е еден од најзначајните христијански празници кој е еден од најрадосните и со посебно значење за жителите на делчевското село Град, бидејки е датум кога жителите од селото го слават својот соборен ден.

Град е село кое се наоѓа на 10 км од Делчево во правец на магистралниот правец Делчево-Берово. Карактеристика за селото е плодното земјиште кое изобилува со вода, пасишта и други природни богатства кои придонеле овде свои живеалишта да основаат луѓето кои се нашле на овие простори пред повеќе од 5.500 години. Оние кои до ден денешен останале да живеат во селото во помал број се занимаваат со сточарство. Останатите ја искористиле плодната природа на земјиштето и решиле да инвестираат во овоштарство, гранка која во последен период бележи надолен тренд бидејки лошите временски услови го уништија родот и не им дозволија на овдешните земјоделци да го вратат вложеното. Во село Град според податоци од 2011 година живеат 180 македонци со православна вероисповед како и три семејства од турска националност. 

Селото од неодамна асфалтно е поврзано со соседните села Стамер и Вирче од каде доаѓаат и најчестите гости за време на соборниот ден. Токму во недела на празникот „Духовден“ започнува прославата на соборот на селото.Село Град е сеуште живо село, па затоа во чест на денот месната заедница секоја година организира турнир во мал фудбал кој вообичаено се игра пред училишното игралиште. Додека фудбалот е главната атракција за помладите, на гости кај повозрасните доаѓаат роднините и пријателите кои им укажуваат чест на домаќините кои пак ги угостуваат со традиционалните домашни специјалитети кои се составен дел од селскиот собор. Порано соборите завршуваа со таканаречените игранки кои порано беа клучни за раѓањето на скришните симпатии помеѓу помладите. Иако таквата традиција повеќе не постои, сепак на иницијатива на група иселеници, на лето во село Град се организира иселеничка средба која на некој начин е потсетување на времето пред 20 и повеќе години кога овде двапати месечно се оргнизираа игранки.

За село Град има многу што да се зборува, за локалитетот „Градиште“, за познатата “Коњска дупка“. Селото е едно од првите каде на времето беше изграден комплексот сличен на сегашнот проект „Етно село“. Се чини дека село Град е едно од единствените кое има несекојдневно име исто како што има и несекојдневна природа и убавина која треба лично да се открие. Сите оние кои потекнуваат од село Град може уште многу што да кажат и со гордост да кажат “ем сум од село ем од Град“. Претстојната недела селото барем за момент повторно ќе заличи на она што навистина е, едно од најубавите села во Пијанец. 

Во продолжение погледнете дел од нашата галерија на фотографии од различни прекрасни знаменитости од ова пијанечко село.

ozio_gallery_nano

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна