Не постои човек во Делчево кој не слушнал за чевларската работилница на “Дендо Легендо“, а уште повеќе кој не слушнал за Дејан Димитровски кој е еден од ретките делчевци кој веќе 20 години се занимава со чевларство и е еден од најдобрите во својата област.
Поправа се од обувки, изработува и репарира каиши, популарните војнички “опасачи“, футроли за пушки и со своите вешти раце и умешност поправа работи за кои човек мисли дека не се поправаат, но всушност како што вели Димитровски, нема нешто што не се поправа, доволно е само да се има желба, а начин за поправка ќе се најде. Познатиот „Дендо“ за својата работа вели дека не е тешка, но посочи дека има многу работи кои се важни за обувките да може долго време да бидат употребливи.
 
-Се започна пред 20 години кога за прв пат започнав да се занимавам со поправка на обувки, почетоците не беа тешки бидејки луѓето имаа потреба од поправка на обувките и така од ден на ден ја усовршив работата која е една од ретките која бара посебен третман за одредени обувки. Луѓето обично беа задоволни бидејки навремено ги завршував поправките. Токму тоа е она што и најмногу го бараат клиентите точноста и можноста своите омилени парчиња на обувки да се поправат доколку има можност за тоа, а можност за поправка има за речиси секоја работа било да се работи за обувки, каиши и други работи. Ми се случувало да поправам доста наизглед стари обувки кои на прв поглед изгледаат во многу лоша состојба, но откако ќе успеам да ги доведам во речиси совршена состојба на нивните сопствнеици просто не им се верува. Но затоа пак задоволни ја напуштаат мојата работилница и повторно се враќаат со некое ново парче омилени обувки, вели легендата на делчевското чевларство Дејан Димитровски.
 
Работејки подолго време во домашни услови Димитровски планира својата работилница да ја префрли во централното градско подрачје со цел поголема пристапност до граѓаните кои имаат потреба од поправка на сите видови обувки.
-Согледувајки ја потребата на граѓаните да можат поблиску да ги добијат моите услуги, решив тоа да им ги овозможам со тоа што наскоро мојот дуќан ќе биде сместен во централното градско подрачје, тука ќе бидам достапен и на клиентите од поширокото опкружување, така да сметам дека тоа е начинот на кој треба да продолжам во иднина. Тука ќе се отвори можноста да продолжам да ја усовршувам мојата работа во поправката на обувки, изработка на каиши, опасачи, футроли за пушки, реденици кои ги користат ловџиите, впрочем сето она што може да се поправи, а како што кажав претходно нема нешто што не се поправа, рече Димитровски.
Негови планови во иднина се занетот да го прошири и во делот на продажбата на квалитетни, но обувки кои граѓаните на Делчево и поширокиот регион ќе можат да ги добијат по мошне пристапни цени.
-И тоа е дел од мојот план, се во свое време се разбира, во текот на мојата работа забележав дека муштериите освен што бараат поправка на своите работи бараат и да купат нешто и совет во врска со тоа што ќе го купат да биде квалитетно, така што имајки многу пријатели и познаници кои се занимаваат со продажба на обувки сметам дека тоа можам да им го доближам на нашите сограѓани и оние кои од поширокиот регион доаѓаат кај мене, така да како што кажав се во време е се случи и граѓаните навреме ќе бидат запознаени во врска со тоа, истакна Димитровски.
Освен во чевларството популарниот „Дендо“ исто така е еден од ретките кој има свое искуство и во спортот, тој е поранешен голман на фудбалскиот клуб “Брегалница Делчево“, а кога сме кај спортот, но во оној дел наменет за обложувачите, тој исто така е еден од ретките кој со уплата од 20 денари успеа да погоди тикет чија добивка без данок на додадена вредност изнесуваше 600.000 денари.
-Токму така пред извесен период, уплатив ливче со повеќе натпревари во игра на голови и на сума од 20 денари успеав да погодам тикет вреден 600.000 денари, првичната добивка беше дупло поголема од оваа сума, но имајки предвид дека обложувалницата во која го уплатив ливчето исплаќа максимум 600.000 денари по тикет толку беше и вредноста на добивката. Без многу математики уплатив и добив и тоа е тоа, за добивката велам дека се што е твое еден ден ќе си дојде и ете јас имав среќа да ме “погоди“ што се вели, рече популарниот Дендо Легендо.
Димитровски ја продолжува својата работа во чевларскиот занает чија работилница како што кажа самиот ќе биде сместена во централното градско подрачје. Вратите на неговата сегашна работилница во населба Милково Брдо дотогаш ќе бидат отворени за сите оние кои сакаат своето омилено парче обувки повторно да го видат во неговиот препознатлив сјај.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна