Во Делчево започна имплементацијата на проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград -Делчево“, меѓуграничен проект со кој до 2018 година е предвидено поставување на вкупно 760 лед светилки во селските средини како и на подрачјето во градот Делчево.

-Благодарение на успешната соработка на општина Делчево со општина Благоевград, ние го добивме проектот за енергетско-ефикасно осветление за општините Благоевград и Делчево и започна неговата имплементација. Во општина Делчево започна смената на постоечкото улично осветление со нови енергетско-ефикасни светилки, тоа се диодни светилки, општина Делчево преку проектот има обезбедено 760 светилки за градот Делчево и селата Разловци,Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Звегор и Габрово, со што ќе ја подобриме состојбата со уличното осветлување. Сите светилки во градот и наведените села ќе бидат сменети, истакна градоначалникот на општина Делчево, Дарко Шехтански

Во моментот во рамки на проектот се работи во населба Милково брдо каде во тек е поставување на нови и замена на старите светилки кои пак ќе бидат искористени на други места во Делчево онаму каде што има потреба за тоа.

-Таа потреба ќе ја утврдат овластени стручни служби од општината, кои што ќе ја согледаат реалната потреба на нашите сограѓани и согласно таа реална потреба ќе постапат соодветно на терен, рече Шехтански.

Градоначалникот на општина Делчево денес ја информираше јавноста и околу состојбата со претходниот договор за осветлување, договор кој и донесе долгови на општината од околу 1.500.000 евра.

-Ние мора да кажеме дека станува збор за истото осветлување за кое општината треба да плати износ од 1.500.000 евра, тоа го наследивме како штетен договор, со судска постапка се надеваме дека тоа успешно ќе го завршиме во полза на општина Делчево, нешто кое практично значи дека овие 1.500.000 евра ќе останат во буџетот на општина Делчево, нема да бидат залудно потрошени, а еве осветлението го добиваме преку проектот беспалтно за градот и нашите села, истакна Шехтански.

Инаку, проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград -Делчево“ е финансиран преку фондовите на ЕУ и истиот е во вредност од 400.000 евра.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна