Регионалниот центар за застапување Делчево и здружението „Амброзија“ од Пехчево ја започнаа анализата на исполнетоста на програмите за енергетска ефикасност. Проектот кој е финансиран од ЕУ, а имплементиран на национално ниво од неколку поголеми организации во Македонија има неколку цели меѓу кои и ревизија на имплементацијата на енергетско-ефикасните програми како и информирање на граѓаните за можностите што ги нудат енергетско-ефикасните мерки. 

-Ова е проект кој е финансиран од ЕУ, имплементиран на национално ниво од Мили еу контакт Македонија, Коцка и Фронт три поголеми организации, на регионално ниво се имплемтира од здруженијата „Амброзија“ од Пехчево и РЦЗ Делчево во соработка со општините Делчево и Пехчево.Во моментот се прави анализа на исполнетост на програмите за енергетска ефикасност, со целните групи односно претставници од локалните институции од Делчево и Пехчево, за да видиме колку се имплементирани тие програми и колку објекти се поврзани со енергетската ефикасност односно колкав е процентот на енергетско ефикасни мерки во објектите кои се преземени во делот на јавниот сектор и во делот на јавното осветлување во Делчево. Покрај ова во рамки на проектот е предвидено спроведување на поширока кампања во регионот за преземање на енергетско-ефикасни мерки и во изминатите два месеци се спроведуваше една по обемна анкета на околу 1000 испитаници за преземени енергетско-ефикасни мерки во приватниот сектор односно во своите домови, рече координаторот на проектот Тони Стоименовски.

Во рамки на кампањата која е предвидена како дел од проектот, на 5 мај се организира инфо ден со граѓаните на Делчево на кој тие преку 2 минутен спот ќе се запознаат со препораките  и предностите кои ги даваат енергетско ефикасните мерки.

-Инфо денот ќе се одржи на 5 мај во Делчево на кој заедно со имплементирачката организација МилиЕу контакт Македонија, ќе биде подготвен две минутен спот со препораки за граѓаните за потребите односно можностите што ги нудат енергетско-ефикасните мерки за заштеда на домашниот буџет. Главна цел на нас како организации и како општини ни е граѓаните да ги упатиме односно да ги информираме за предностите кои што ги даваат енергетско ефикасните мерки, како во квалитет така и во квантитет, за да можат да аплицираат во фондовите кои што ги нудат тие мерки да се имплементираат, но и од сопствениот буџет да дојдат до заштеди на домашниот буџет.Цел ни е да направиме еден пообемен проект со кој ќе ги опфатиме и другите сектори во иднина се со цел граѓаните да имаат поголем бенефит од енергетско-ефикасните мерки, истакна Стоименовски.

Инаку, општина Делчево во изминатиот период беше една од ретките коишто имаат програма или стратегија за енергетска ефикасност, во текот на минатата година изготвена е втората програма за енергетска ефикасност која е поднесена за политичко одлучување до Советот на општина Делчево и Агенцијата за енергетика, истата е активна од 2017 година, а во неа е обработен процентот на имплементацијата на претходната стратегија со која се опфатени јавните објекти над 1000 м2, коишто се во сопственост на општина Делчево а меѓу нив просториите на сите воспитно-образовни установи, јавното комунално претпријатие и зградите на општина Делчево. Во рамки на истата имплементирани се поголем број на проекти, со поголем процент на исполнетост кое е резултат најмногу благодарение на донации, општинскиот буџет и буџетите на самите институции.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна