Дека сообраќајната култура се учи од најмали нозе, а најдобро се поттикнува преку натпревари наменети за младинци и пионери најдобар доказ се училишните натпревари за сообраќајно техничка култура „Детски семафор“, натпревари кои освен што имаат натпреварувачки карактер ги анимираат младите што подобро да се запознаат со сообраќајните правила и прописи кои на учениците во подоцнежна возраст ќе им помогнат подобро да се снајдат како учесници во сообраќајот. Честа да го организира годинешниот меѓуопштински натпревар „Детски семафор“ му припадна на ООУ„Ванчо Прке“ од Делчево, натпревар на кој учество зедоа учениците од основните и средните училишта од Делчево и М.Каменица.
-На натпреварот учество зедоа учениците од општинските основни училишта „Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“ од Делчево и основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ од М.Каменица како и ученици од гимназиите „Миле Јаневски Џингар“ од М.Каменица и „Методи Митевски Брицо“ од Делчево. Целта е да се поттикне совеста кај сите уесници во сообраќајот за поголема безбедност на возачите односно на велосипедистите или пешаците, истакна Миле Зафировски, наставник по сообраќајна и техничка култура.
Учесниците во рамки на натпреварот имаа задачи кои се состоеја од теоретски и практичен дел во чии рамки на училишниот полигон тие имаа за задача да ги покажат своите вештини во возење велосипед и мопед до 50 cm3.
-Ние учествувавме на натпреварот во Делчево кој се состоеше во тестирање и возење велосипед, целта на овој натпревар е да стекнеме повеќе корисни навики за однесувањето во сообраќајот, рече Маринела Стоиловска од општинското основно училиште Св.Кирил и Методиј.
Како најдобри во пионерска конкуренција се покажаа учениците од основното училиште Св.Кирил и Методиј од М.Каменица, второто место им припадна на домаќините од ООУ „Ванчо Прке“, додека третопласирани завршија учениците од ООУ Св.Климент Охридски. Кај повозрасната категорија пласман на регионалниот натпревар обезбедија претставниците на СОУ „М.М.Брицо“ Делчево, додека второпласирани беа учениците од гимназијата „Миле Јаневски - Џингар“ од М.Каменица. Најдобрите на регионалниот натпревар кој го организира Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе бидат дел од државниот натпревар „Детски семафор“ кој ќе се одржи во втората половина на месец мај годинава.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна