Балканските експерти ги запознаа делчевските производители како да произведат поквалитетен род со помош на методите кои ги нуди био-динамичното земјоделство. Според експертите овој вид на земјоделство ги нуди едни од најрационалните методи за производство на квалитетен род, а тоа според нив се влијанието на космичките сили и поставеноста на планетите.

Единствено што според познавачите на ваквиот вид производство што треба да го знаат земјоделците е кога и што точно треба да се направи за да се произведе и квалитетен род. Советите делчевските производители ги добија во рамки на организираната обука од страна на Здружението на производители на органски производи „Аронија“ од Делчево која слична ваква работилница одржа и во 2013 година.

-Целта на работилницата е да се запознаат производителите со био-динамичкото производство, со препаратите, кога истите точно треба да се употребуваат, во кој временски период треба да работат во градината и многу поучни лекции што ќе ги научат за да произведат храна која ќе има квалитет, истакна претседателот на здружението „Аронија“ Фиданчо Христов.

Како што истакнаа експертите од оваа област космичките сили кај био-динамичното земјоделство во голема мера влијаат врз тоа колку производот ќе биде квалитетен.

- Се занимавам со био-динамично земјоделство од 1992, кај овој тип на земјоделство најважно е да се набљудува и мисли отколку да се работи со мотика, кој мисли дека земјоделието е само копање греши многу, треба повеќе да гледаме што им пречи на растенијата во нивниот развој, а што е она што им помага. Она што во голема мера влијае или на некој начин ги помага растенијата да се развијат се влијанието на космосот и поставеноста на планетите. Исто така производителите треба само да препознаат каде и со каква цел треба да се работи за да добие поквалитетен род, истакна Димитар Стојанов еден од експертите од оваа област кој своите искуства ги сподели со делчевските производители. Тој искуствата ги темели врз база на 53 години стар германски календар кој со неверојатна прецизност ги толкува влијанијата на космичките сили врз растенијата. Според тој календар точно може да се протолкува кое растение на кое подрачје и во која година најмногу може да успее и да му овозможи на производителот квалитетен род кој притоа ќе му донесе и одлична заработка.

Инаку, освен обуката за био-динамично земјоделство, здружението на производители на органски проиводи „Аронија“ организираше и обука на тема „Био-динамично пчеларство“ обука која беше поддржана од градоначалникот на општина Делчево, Дарко Шехтански.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна