Ноќта пред Велигден дворот на црквата "Пресвета Богородица" во Делчево беше преполн со христијани. Дочекот на веста за воскресението Христово ги собра делчевчани масовно во дворот на градската црква во Делчево.

Врнежливото време не беше причина да не се присуствува на овој светол чин. Дворот на црквата започна да се полни уште по 22.00 часот за пред полноќ веќе дворот на црквата и самата црква бидат претесни да ги соберат сите верници дојдени да присуствуваат на овој настан.

Со традиционалното кружење на присутните околу ѕидовите на црквата и биењето на камбаната од градската камбанарија, свештените лица од делчевското архиерејско намесништво ја објавија божествената вест: "Христос воскресна", на што од усните на присутните се слушна потврдата: "Навистина воскресна". По тоа со тропање на затворените врати и нивно отварање пред зборот Божји, во црквата беше внесена од страна на присутните граѓани и свештени лица радосната вест. 

Благословот со свет крст на челата на верниците од страна на свештеното лице и традиционалната причест се незаборавни моменти со кои делчевчани застануваа очи во очи со небесната светлина создадена од Божјата промисла додека во заднина звучеа свети божествени стихови од црковните лица.

За крај следуваше традиционалното кршење на бојадисани велигденски јајца, помислување на посакувани желби и меѓусебни честитки меѓу присутните.

Она што е карактеристично да се спомне за самиот настан од саботата пред Прв ден- Велигден, е фактот што на овој светол чин евидентно беше присуството на голем број на помлади делчевчани, кои заедно со оние повозрасните беа дојдени први да ја слушнат веста за победата на животот над смртта.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна