Реки од делчевчани уште од раните утрински часови можеа да се забележат како ја посетуваат градската црква "Пресвета Богородица" во Делчево. Најтешкиот ден во христијанската вера  во Делчево се празнува со најголема почит и достоинство. И млади и стари граѓани од сите населени места во општината Делчево можеа да се забележат во текот на претплатневните и пладневните часови во дворот на градската црква во Делчево. Дојдени да запалат свеќа во слава на жртвата Господова, кој пострада за гревовите на целото човештво, делчевчани се убав пример како преку верата сите заедно постигаат едно духовно обединување и заедништво. Денот на распетието на Господ Исус Христос во Делчево, отсекогаш бил празник кој се празнува масовно од сите православни христијани. Традицијата на празнување на овој празник се пренесува од повозрасните на помладите членови на семејствата и таа и ден денес опстојува.

За здравје и бериќет во семејствата, делчевчани принесуваат дарови со цвеќе на распетието Господово кое што е поставено под централниот свод на црквата во Делчево.

За утре (сабота 14.04.2017 година) во Градската црква во Делчево за првпат е најавено донесување на Благодетниот оган од Ерусалим, што е исто така една убава можност на Делчевчани да бидат дел од овој несекојдневен настан.

Утре вечер на полноќ пред Воскресениото Христово-Велигден, традиционално се очекува масовна посетеност на делчевчани на црквата во Делчево за време на светата Велигденска литургија и трдиционлното заобиколување на црквата во чест на празникот.

Празнувањето на Велигден во Делчево секогаш е во духот на мирот и хармонијата меѓу делчевчани кои настојуваат секогаш за време на овој празник да бидат заедно со целите свои семејства и во топлина и љубов да ги поминат Велигденските денови.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна