„Општинско-корисна работа“ е уште еден во низата успешни проекти на општина Делчево. Во рамки на проектот кој е финансиран од општина Делчево, а поддржан од UNDP, ангажирани беа вкупно 9 лица кои во период од 6 месеци се грижеа 45 стари и изнемоштени лица, а опслужени беа вкупно 382 лица опфатени со оваа програма. Обезбедување на потребните намирници, лекарства и други услуги беа само дел од активностите кои беа задача на ангажираните лица во проектотза вршење на општинско-корисна работа.

-Јас бев ангажирана за нега на стари и изнемоштени лица, тие лица имаа свои потреби, мораше да им се запали огнот, да им се донесат лекарства, намирници и сето тоа што го бараа ние го вршевме, бидејки тоа беше и наша обврска, рече во својство на ангажирано лице во проектот, делчевката Нурает Шерифова.

- Шест месеци вршевме нега на стари и изнемоштени лица и за мене лично не беше тешко, лично според мене ваквите проекти треба да продолжат, рече Снежанка Ангеловска, ангажирано лице во проектот.

Проектот му беше потребен на општина Делчево, бидејки од една страна се отвори можност за помош на повозрасната категорија граѓани, а од друга страна значеше и единствен приход во семејниот буџет на ангажираните лица.

-За мене значеше многу, бидејки колку толку го полневме домашниот буџет, задоволна сум бидејки дома нема ни толку, рече Шерифова.

-Кај нас во Делчево тоа е нешто многу значајно за да им помогнеш на такви лица, јас бев на 9 места и видов дека на тие лица навистина им треба помош, рече ангажираната Мирјана Илиевска.

Активностите продолжуваат со три месечна обука за петчлениот мобилен тим по што на нагажираните ќе им бидат доделени лиценци за негување на стари и изнемоштени лица во домашни услови. Ова за ангажираните лица ќе значи и можност за трајно вработување.

-За мене можеби ќе значи нешто, бидејки јас сметам дека со лиценцата полесно ќе најдам вработување, рече Илиевска.

-Очекувам и имам понуда за вработување во странство, единствено што ми недостига е лиценцата која по завршувањето на обуката ќе ја имам,  додаде Ангеловска.

-Како ангажирани лица тие во нивното CV што го води центарот за вработување од Делчево ќе имаат потврда дека поминале обуки, дека дале свој допринос во проектот за општинско-корисна работа, што ќе им помогне во можноста да најдат вработување, а исто така овие лица кои беа вклучени можат да ги користат и мерките од оперативниот план за вработување за 2017 година кои се мошне интересни, бидејки во самиот проект беа вклучени и млади под 29 години што за самите нив е доплнително позитивно искуство, рече проектниот координатор, Џулиета Мемедова.

Стекнатите искуства пак на младите лица кои како дел од проектот за општинско-корисна работа беа ангажирани во Дневниот центар за лица со посебни потреби биле доволна причина тие да бидат вклучени во нов проект кој финансиски е поддржан од ЕУ, а ќе се спроведува во времетраење од 3 месеци. Инаку, проектот „Општинско корисна работа“ во Делчево се спроведе по 5 пат.

 

 

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна