Во Делчево продолжуваме со мирните протесни маршеви на граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија". И вечерва како на сите досегашни протестни маршеви, делчевчани, гордо и достоинствено, онака како што доликува на секој вистински родољуб кој си ја сака својата земја и својот град, маршираа по улиците во централното градско подрачје на нашиот град.

Поддршката од делчевчани за нашата заедничка борба и поставени цели за непроменливост на Уставот на Република Македонија како врвен државотворен документ не стивнува и тоа од најразлични групи на граѓани и поединци.

Вечерашниот собир како и многуте досега помина во знакот на македонските родољубиви песни, македонска и роднокрајна поезија, огромен излив на емоции, љубов и заедништво кои се основни идеи за борба против наметнатата општествена криза во државата. Македонските знамиња, црвено жолтите ленти  и транспаренти за заедничка Македонија станаа препознатлив декор на овие наши заеднички граѓански собири.

Она што како порака беше упатено од вечерашниот протест е содржано во сл. фејсбук објава:

Прекрасна попладневна дружба со делчевчани #ЗаЗаедничкаМакедонија.... Родољубиви песни, македонска роднокрајна поезија,...

Posted by Кирчо Анастасов on среда, 5 април 2017

На собирот пред присутните делчевчани во градскиот парк се обрати г-ѓата Зорка Стојменовска со свои лични стихови кои  ги има напишано од се срце и во еден здив (како што самата вели), посветени на актуелната општествена состојба пред која е исправен целиот Македонски народ.

Видеото од настанот откако ќе биде обработено ќе биде споделено на нашиот интернет портал.

Протестите продолжуваат според предвидениот термински распоред секој вторник, среда и четврток со почеток во 19.00 часот во градскиот парк во Делчево.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна