Последно одржаната трета работилница за изготвување на локалната стратегија за социјална инклузија на жени и млади во Делчево на површина ги исфрли и проблемите со кои се соочува оваа категорија граѓани.

Невработеноста е дефинирана како клучен проблем на кој во иднина треба да се фокусираат локалните чинители кои во изминатиот период беа дел од проектот Македонска активна платформа за сцоијална инклузија на жени и млади, имплементирана од Инстиутот за економски стратегии од Охрид и Македонското женско лоби. Главната цел на трите работилници беше изготвување на предлог мерки за надминување на постоечките проблеми.

-Освен невработеноста, посебно за младите е детектиран проблем за непостоење на едукативен центар за неформално образование на младите, тоа е центар во кој би требало младите да се стекнуваат со неформалното образование, како курсеви за странски јазици кои ќе им бидат од корист при вработувањето, рече Сузана Петровска од ЕЛС Делчево.

-Конкретно за младите, покрај невработеноста, најчести проблеми се и нивното иселување од државата, во различни општини има различни мерки кои се предлагаат за надминување на овој проблем, некако се поврзани невработеноста и иселувањето, но доколку се надмине проблемот, секако тоа би влијаело и врз намалувањето на иселувањето, истакна Билјана Танеска од ИЕС-Охрид.

Инаку, вакви стратегии се изготвуваат во вкупно 18 општини, а истите наредниот месец ќе бидат претставени на национална конференција од каде потоа ќе бидат претставени пред локалните институции. Финансиските средства за реализацијата на овој проект се обезбедени од ИПА програмата на ЕУ.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна