В сабота 01.04.2017, делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски“ е домаќин на Регионалниот натпревар по математика. На натпреварот учество ќе земат 122 ученика, а покрај домаќинот ООУ „Св.Климент Охридски“, учество ќе земат и општинските основни училишта „Ванчо Прке“ од Делчево, „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, „Св.Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, „Ванчо Китанов“ од Пехчево како и „Никола Петров Русински“ од с.Русиново.

Натпреварот кој ќе се одржи во вкупно 22 региони во Македонија ќе започне во 09:30 часот, а ќе биде во времетраење од 120 минути. Натпреварот ќе се состои од решавање на 5 задачи кои ќе се вреднуваат со вкупно 100 поени. Според планираното учесниците две задачи ќе решаваат од списанието „Нумерус“ кое го издава Сојузот на Математичари на Македонија и задачи од рубриката „Конкурсни и подготвителни задачи за натпревари“, како и три задачи по избор на комисијата за задачи на натпревари за ученици од основното образование. Оние ученици кои ќе бидат најдобри ќе го продолжат своето учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 06.05.2017 година, а ќе учествуваат и на „Македонската јуниорска математичка Олимпијада“ која ќе се одржи на 27.05.2017г. Инаку, училиштето домаќин деветолетката "Св.Климент Охридски" од Делчево секоја година на регионалните, државните натпревари и математичката Олимпијада постигнува резултати кои се доказ дека делчевските ученици се меѓу најдобрите математичари во државата.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна