Модерниот начин на живот и суровоста на сиромаштијата не поштедува никој, па таков е и случајот со многу наши сограѓани.

Судбината ги довела до момент кога нивните големи срца и труд не се доволни за да се борат против самата сиромаштија. Затоа, ајде да им покажеме дека сеуште има сограѓани кои се волни за помош. Вашите добри намери можете да им ги покажете преку донирање на следниве работи:

• ЖЕНСКА ОБЛЕКА (за личности на возраст од 1 месец, 2 години и околу 60 години);

• МАШКА ОБЛЕКА (50-60 години);

• ПРЕКРИВКИ;

• БЕБЕШКА ХРАНА;

• КОЛИЧКА ЗА БЕБЕ;

• МАШИНА ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА;

• САДОПЕР;

• КЕРАМИДИ;

• ЗАВЕСИ;

• ТЕПЕСИ;

• ПЕРНИЦИ;

• МЕБЕЛ (каучи,фотелји,плакари и слично);

Донациите може да се достават во просториите на Црвен крст секој работен ден до 15:00 часот. Овие донации се во склоп на програмата ЦКА-ПХВ и ќе бидат наменети за семејства од ранлива категорија во Делчево.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна