Младите волонтери од Црвен крст Делчево преку хуманитарни акции продолжија со активностите во рамки на таканаречената ПХВ програма.

Откако претходно група граѓани донираа покуќнина и облека, младите волонтери покажаа дека можат да го разбијат стереотипот за бунтовни тинејџери и со својата пожртвуваност се погрижија донацијата да биде доставена до семејствата на кои најмногу им е потребна помош.

-Донацијата која во Црвен крст Делчево ја донираа хумани граѓани се состои од каучи, шкафови, алишта, прекривачи и други работи кои ќе им бидат од корист на социјално-загрозените семејства од Делчево, рече Јована Јовановска, волонтер во Црвен крст Делчево.

-Црвениот крст со години е доказ дека тоа е асоцијација за помош и за хуманост, па така и ние младите сакаме да го разбиеме стереотипот дека денешните тинејџери се само бунтовници, со тоа што се собираме да им помогнеме на луѓето, сакаме да покажеме дека и ние сме способни да помогнеме исто како и возрасните. Тоа секако не можеме да го направиме сами, па затоа апелираме до сите кои имаат постара електроника, покуќнина и други работи кои не им се потребни да ги донираат во Црвен Крст, од каде ние потоа ќе се потрудиме да им биде распределена на фамилиите на кои што ќе им биде потребна, рече волонтерот Иван Стоиловски.

Преку програмата за промоција на хуманите вредности, младите волонтери цели 18 години ги користат сопствените капацитети со кои на разни начини помагаат на ранливата категорија граѓани.

-Програмата “Црвен Крст во акција - Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) веќе 18 години претставува алатка за привлекување на младите волонтери во Црвен Крст. Исто така таа се спроведува на регионално ниво во Македонија, при што младите посетуваат обуки за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, добиваат практични знаења како да изработат мали проекти и притоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население во местата кадешто живеат. Тие поминуват преку 3 обуки кадешто после обучувањето тие се спремни сами да излезат на терен и да ги реализираат малите проекти, истакна волонтерот Јована.

За Љубинка Димитровска, граѓанин на Делчево ова е многу добар гест на младите волонтери кои и понатаму треба да продолжат да им помагаат на немоќните.

-Им благодарам на младите кои ни го донесоа она што ни го донесоа нам, но и за други семејства распоредено, би требало да има повеќе млади кои ќе се активираат, ќе работат и ќе помагаат, тоа е една добра хуманост од нивна страна, рече Димитровска.

Ваквите акции како што најавија од Црвен крст ќе продолжат и во иднина.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна