Алармантна е состојбата со појавата на пожари во Делчевско. Во првите три месеци од оваа година, ТППЕ од Делчево интервенирала во над 20 случаи на пожари кои се појавиле на отворен простор, но и при пожари кои настанале во објекти од затворен тип.

Токму насоката како граѓаните и институциите поефикасно да дејствуваат во насока на справувањето со пожари на отворен простор беше една од главните теми за дискусија во рамки на одржаната нова средба на Советодавната граѓанска група, средба на која конкретно се разговараше околу донесувањето на низата мерки и препораки во насока на превентивно дејствување против пожарите на отворен простор.

-Општина Делчево како и градоначалникот на општина Делчево, Дарко Шехтански, преку својата годишна програма за работа има предвидено низа на мерки кои што сукцесивно по потреба се активираат и превземаат се со цел за поуспешно справување со пожарите на локално ниво, истакна Кирчо Анастасов од ЕЛС Делчево.

-Постојано сме на готовс, односно сме подготвени да интервенираме на пожари на отворен простор, односно на пожари кои се случуваат на објекти. Нашата против пожарна единица располага со четири противпожарни возила кои што постојано се сервисираат, односно одржуваат и исто така се спроведуваат обуки со нашите вработени, се со цел постојано да можеме да интервенираме на секој настанат пожар, истакна Јонче Атанасовски, командир на Територијалната против пожарна единица од Делчево.

Последните два пожари на ист објект во с.Град како и минатонеделниот кој избувна кај месноста Црквенска Река, а во кој брзата интервенција на пожрникарите беше пресудна да не биде причинета голема материјална штета се само дел од вкупната статистика на интервенции на ТППЕ Делчево во овој период од годината.

-Ние имавме интервенција на пожар на ист објект во с.Град, каде стануваше збор за пожар на помошен објект во кој луѓето имаа складирано сено и храна за стоката, пожарот инаку двапати му се случува на истото семејство, пожар за кој иако не можеме со сигурност да потврдиме може да кажеме дека најверојатно е подметнат. Инаку, освен тој пожар имавме интервенција и на пожари на отворен простор. Кажано во бројка во претходните два месеци имавме околу 20 пожари такашто за овој период во годината тоа се голем број на интервенции за кои ние мораме постојано да бидеме будни и да ја следиме ситуацијата на терен и согласно нашите можности да одговориме со своите ресурси се со цел да не дојде до поголема катастрофа.

Апелот на членовите на Советодавната граѓанска група и на командирот на ТППЕ Делчево е што поголема вимателност и свесност на граѓаните за опасноста која доаѓа со палењето оган на отворен простор,, невнимателност која може да придонесе за последици од несогледливи размери.

 

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна