Делчевчани како и граѓаните низ цела Македонија и денес излегоа на организираниот мирен протестен марш за заедничка Македонија.
Протестниот марш се одвиваше низ повеќе улици во центарот на Делчево. 
Македонци, турци, роми, срби и останати,  рамо до рамо гордо и достоинствено сите заедно под црвено-жолтите знамиња на Република Македонија, порачаа пред цел свет а особено кон политичките емисари на ЕУ, кои во вторник треба да ја посетат Македонија, дека нема отстапки од Македонските црвено-жолти линии.
Масовната поддршка за иницијативата "За заедничка Македонија" од граѓаните во Делчево не изостанува туку напротив со секој нов ден истата расте се повеќе и повеќе. Покрај поддршката и присуството на протестот од страна на големиот број на делчевчани од различни возрасти, исто така забележливо е големото присуство на граѓани од руралните места од територијата на цела општина Делчево.
Од денешниот собир Кирчо Анастасов- еден од водачите на иницијативата во Делчево пред присутните порача:
-"Секој кој доаѓа да разговара за политички прашања од национално значење за државата, тоа најсоодветно е да го направи со граѓаните на Македонија, јавно и транспарентно, а не да се крие на инкогнито состаноци со политички претставници кои при оваа масовност на граѓанското движење "За заедничка Македонија" се помалку и помалку имаат политички легитимитет. Затоа се потребни брзи општи избори на кои Македонскиот народ на плебисцитарен начин ќе одлуќат за иднината на државата во целост."
За целиот протестен марш во Делчево татнеа тапани во ритамот на "Копачката" што претставува еден од идентитетските симболи на Македонскиот народ од регионот на Пијанец.
Од страна на граѓанската иницијатива за во вторник (21.03.2017 година) најавен е повторно мирен протестен марш со почеток во 17.30 часот кој ќе започне во градскиот парк во Делчево, на кого од иницијативата се повикуваат сите граѓани да земат учество во истиот без никакви предрасуди и двојбености.
 

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна