Во петокот 17.03.2017 година во Делчево се одржа основачкото собрание на Македонското патриотско здружение (МПЗ) "Дамјан Груев"-Делчево од Делчево.

На основачкото собрание присуствуваа 40-тина родољуби од Делчево, кои како основачи ги депонираа своите потписи за основање на оваа нова граѓанска организација во Делчево.

Пред присутните од страна на иницијаторите беа прочитани дел од статутарните одредби кои се однесуваат на причините за основањето на организацијата, целите кон кои ќе се залагаат членовите, како и начините на делување во целокупното нејзино постоење.

Како што беше кажано на основачката конференција од страна на членовите на иницијативниот одбор, главна цел за основање на МПЗ "Дамјан Груев"-Делчево е зачувување и афирмација на ликот и делото на Македонскиот револуциоинер Дамјан Груев, како и негување на идеите за кои се борел во текот на целиот негов револуционерен живот.

Организацијата ќе биде составена од три работни тела: Собрание, Извршен одбор и Надзорен одбор, во кои секој член на здружението може да бира и да биде биран. Секој член е рамноправен со останатите членови и има подеднакво важна улога во дејствувањето на организацијата.

За крај на состанокот беше кажано дека сите граѓани на Делчево, но и пошироко кои се сложуваат со Статутарните одредби на организацијата, се добредојдени со својата работа да придонесат кон работата на самата организација, се со цел за остварување на нејзините цели.

Комуникацијата на здружението со јавноста за почеток ќе биде преку нивната официјална фејсбук страница, по што ќе бидат воспоставени и останати форми на комуникација, согласно можностите и потребите.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна