Делчевските пензионери го одржаа Годишното собрание на кое се разгледуваше финансискиот извештај за работата во изминатата година, година во која најмногу средства биле потрошени за исплата на таканаречениот солидарен фонд за починати пензионери. 

 

-Ова е второ собрание откако јас сум назначен за претседател на здружението и на него ја прикажуваме работата од 01.01.2016 до 31.12.2016. Со изготвување на завршната сметка која е предадена до Централниот регистар каде пак е оценета со најдобар успех, можам да констатирам дека најмногу средства се потрошени за солидарниот фонд на починати пензионери, при што за таквата намена се издвоени 1.120.000 денари, рече претседателот на делчевските пензионери, Моне Ѓорѓиевски.

На годишното собрание се разговараше и околу годинешните активности, за кои како што истакна Ѓорѓиевски, најголем акцент ќе биде ставен на учеството на музичката ревија на пензионери чиј домаќин годинава е пензионерското здружение од Кочани, како и на учеството на пензионерските спортски игри, кои на регионално ниво ќе ги организира Здружението на пензионери од општина Пехчево.

-Најпрвин ке учествуваме на ревијата на песни и ора во Кочани каде ќе се претставиме со 7,8 музички точки. Бидјеки таму ќе настапат пензионери кои се докажани во фолклорот, кои се дел од популарната „Копачка“ очекувам да освоиме прво место. Тие ќе се претстават со неколку варијанти на орото, па затоа и очекувањата се највисок пласман. Имајки предвид дека минатата година освоивме 12 медали во спортските натпревари и оваа година очекувам добри резултати и на спортски план, најпрвин на натпреварите кои на регионално ниво ќе се одржат во Пехчево, а потоа и на Републичките спортски игри за пензионери, рече претседателот Ѓорѓиевски.

Инаку, на годишното собрание почесен гостин беше градоначалникот на општина Делчево, Дарко Шехтански.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна