Општина Делчево изготви три елаборати за заштита на природните реткости „Киселичка пештера“, палеонтолошкиот локалитет „Стамер“ и карактеристичниот геолошки профил „Звегор“.

Откако заедно со канцеларијата на Источен плански регион и Програмата за зачувување на природата се работеше на идентификација и изработка на елаборати за нивна заштита, предлогот беше доставен до Советот на општина Делчево, а откако истиот се усвои ќе се достави и предлог до Министерството за животна средина со цел понатамошна заштита на споменатите локалитети.

- Се работи за локалитетите „Киселичка пештера“, карактеристичниот геолошки профил „Звегор“ и палеонтолошкиот локалитет „Стамер“ за кои сме сведоци дека таму често се наоѓаат остатоци од коски од мастодонти и жирафи, истражувања за кои беше заинтересирана целокупната научна јавност како во Република Македонија така и пошироко. Раководејки се од овие причини и од тоа што споменатите локалитети се честа мета на посетители од научната јавност од Р.Македонија, посебно од професори од факултетите и студенти како и палеонтолози од странство, ние се одлучивме овие три подрачја да ги заштитиме, односно да покренеме иницијатива за нивна заштита. Преку посебна точка на Советот на општина Делчево, побаравме прифаќање на изготвените елаборати за овие три локации, како и предлог за заштита на овие подрачја каде што по донесувањето на одлуката, општината Делчево со иницијативата која веќе ја имаме од градоначалникот ќе ја доставиме до Министертвото за животна средина со цел истите да добијат решение за заштитени подрачја, истакна Тони Стоименовски од ЕЛС Делчево.

Како што додаде Стоименовски, ова е прво ниво на заштита на овие локалитети.

- Ова значи дека локалитетите ќе добијат свој сопственик, односно некој кој што ќе се грижи за истите, ќе го контролира влезот и излезот на оние кои немаат добри намери односно кои ќе сакаат да уништат и онеспособат дел од оние вредности кои се природни, потоа ќе може да ги уредиме и да ги ставиме во функција на туризмот. Преку Програмата за зачувување на природата и Швајцарската агенција за развој и соработка, за истите изготвивме патокази, информативни табли и пропаганден материјал кои што веќе се поставени на терен и тоа е еден начин да привлечеме туристи кои ќе можат да се запознаат со овие природни реткости во Источна Македонија.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна