Здружението за заштита на правата на потрошувачите од Делчево во текот на изминатата година забележа поголема свест на граѓаните во однос на своите права кои ги имаат како потрошувачи.

Ова се темели на фактот што се погласно е изразено несогласувањето како во делот на јавната потрошувачка така и во секојдневната комуникација меѓу граѓаните и институциите. Според претседателот на здружението на потрошувачи од Делчево, граѓаните освен поплаки за одредени недостатоци во однос на нивните права имаат и пофалби.

-Дефинитивно граѓаните се доволно информирани за своите права како потрошувачи, како здружение кое постои веќе неколку години, нашата цел е да ги известуваме граѓаните за нивните права, она што е посебно нешто што може да го истакнеме и да го проследиме како податок до другите институции го решаваме само преку претставка или по основ на писмена дојава, вели претседателот на делчевското здружение на потрошувачи, Сребран Ѓеорѓиевски.

Тој додаде дека минатата година најмногу забелешки граѓаните на Делчево имале во делот на долгот кон јавниот радио-дифузен сервис, забелешка околу ненавремената достава на лекови, додека како што истакна Ѓеорѓиевски граѓаните позитивни искуства имале во делот на здравствената заштита.

-Граѓаните меѓу другото забелешки изразиле во однос на работата на некои институции во однос на бавните постапки во врска со решавање на нивните барања за одредени нивни потреби, додека сеуште има поплаки кон јавниот радио-дифузен сервис и таксата која некако сеуште не можат да ја прифатат како јавен долг, исто така недостатокот на лекови е нешто за кое граѓаните алармирале, додека позитивни реакции има во делот на здравствената заштита, особено во однос на закажувањето на термините на пациентите, рече Ѓорѓиевски, додавајки дека граѓаните освен со претставки до здружението, своите права можат да ги остварат и со реакција до комисијата која во рамки на Советот на Општина Делчево има надлежност за решавање на оваа проблематика.

Инаку, годинава Светскиот ден на потрошувачите се одбележува под мотото ,,Подобар дигитален свет“. Во одбележувњето се вклучени организациите на потрошувачи од целиот свет кои во соработка со Светската организација на потрошувачи ќе се обединат со една крајна цел: Градење дигитален свет на кој потрошувачите можат да му веруваат.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна