Граѓаните на Делчево и денес масовно излегоа во рамки на граѓанските протести како дел од иницијативата „За заедничка Македонија“. Тие заедно со граѓаните на уште 30 градови во државата категорично кажаа „НЕ“ за менувањето на уставниот поредок на државата таков каков што македонскиот народ го има декларирано во минатото.

-Од вечерашниот собир пред граѓаните на Делчево сакам да го изразам своето длабоко разочарување, односно резигнација за константниот молк кој следуваше после прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која што тој најави некакви негови дебати за некои национални прашања кои што се од национално значење за Република Македонија, со кое јас лично не можам да се сложам, а верувам дека и овој народ којшто е вечерва дојден како подршка за оваа наша иницијатива. Особено ме радува фактот што на овие наши граѓански протести постојано гледам нови ликови, нови личности, коишто секојдневно ни даваат постојана поддршка и коишто се рамо до рамо со нас во оваа наша борба којашто верувам дека ќе вроди со плод да го зачуваме уставниот поредок на Република Македонија, таков каков што е, односно таков каков што македонскиот народ го има декларирано во минатото, изјави Кирчо Анастасов, дел од организациониот одбор на иницијативата „За заедничка Македонија“.

На денешниот собир своја порака упати и Јованчо Медарски како дел од граѓанскот учество на протестите за зачувување на унитарноста на државата.

-Мојата порака се сведува на тоа да ги повикам граѓаните на Република Македонија, да се сплотат да се здружат, заедно да настапиме, во одбрана на вредностите и придобивките на нашата таковина. Ги повикувам граѓаните на Република Македонија да застанат рамо до рамо, заедно да се избориме и да ја одбраниме нашата татковина, а ќе ја одбраниме затоа што ние не сакаме во својата држава да бидеме граѓани од втор ред.Кандидатот за премиер којшто сега од петни жили запнува да стане премиер потпомогнат со некои фактори од страна, а врз основа на некоја платформа изготвена од странска држава, навистина не го заслужува тоа од причини што тој од поддамна има сторено гревови кои не се простуваат и сега со станувањето премиер да се заштити од понатамоните консеквенци кои му следуваат. Граѓаните на Р.Макеоднија тиа го знаат, умеат да ја одбранат својата татковина и верувам дека во тоа ќе успееме заедно, рече Јованчо Медарски како дел од граѓанското учество на вечерашниве протести.

Според најавеното протестите во Делчево продолжуваат се додека не се исполнат барањата на граѓаните, а тоа е зачувување на уставниот поредок на државата.

 

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна