Шести ден по ред протестите организирани од страна на иницијативата "За заедничка Македонија" не стивнуваат во Делчево.

Поддршката од страна на граѓаните на организаторите на протестите во Делчево не изостанува и со секој нов ден реториката по однос на барањата на претставниците и водачите на иницијативата во Делчево се заострува.

По вчерашните најави од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев дека ќе отвара дебата за прашања поврзани со идентитетот на Република Македонија, револтот и незадоволството на граѓаните на Делчево почнаа вртоглаво да растат а со тоа да се зголемува и поддршката помеѓу делчевчани за протестите предводени од иницијативата "За заедничка Македонија".

На синоќешниот говор пред насобраната толпа жители на Делчево од страна на Кирчо Анастасов- еден од водачите на протестното движење во Делчево беа изнесени остри реакции и отфрлање на секаква можност за дебата и преговори по однос на Уставот на Република Македонија, за знамето, химната, службениот јазик на државата, промената на службените обележја на униформите на македонската полиција и војска....

Погледнете го целото обраќање  на Кирчо Анастасов од протестниот марш, во петокот (10.03.2017) во градскиот парк во Делчево.

&;

Од протестното движење најавија дека ќе продолжат со протестите се до исполнувањето на нивните цели, односно се додека не се отфрли т.н. Тиранска платформа донесена под влијание на странски политичари, до целосно заживување и почитување на Уставот и законите на Република Македонија.

Барањата истакнати во Прогласот на иницијативата кои се содржани во четирите точки се следни:

1. Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа ‘За заедничка Македонија“, во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во туѓи држави.

2. Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите.

3. Бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија.

4. Бараме од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да опстои на својата одлука да го почитува Уставот, за да не го доделува мандатот после истекување на уставниот рок за доделување на истиот кој веќе одамна е истечен.
Затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна