По 3 пат годинава во организација на општинската организација на Црвен Крст Делчево се спроведе крводарителска акција со граѓанството. Делчевчани во солидна бројка се одзваа на поканата и уште еднаш покажаа дека хуманоста им е посилна страна несебично дарувајки од капката која живот значи. На акцијата учество зедоа и крводарители кои по прв пат почувствуваа како е да се биде хуман.

-Искрено отсекогаш си велев, денес ќе дадам, следниот пат ќе дадам, но еве конечно се решив и подарив од драгоцената течност. Чувството е прекрасно бидејки од една страна сметам дека крвта некому ќе спаси живот, а од друга страна се чувствувам некако полесно, вели еден од помладите крводарители од Делчево.

Крв денес даруваа и припаднички на понежниот пол, кои иако имаа бурна осмомартовска ноќ, не заборавија на хуманоста и учествуваа во крводарителската акција.

-Дарувано имам крв неколку пати, не водам статистика колку пати, бидејки не е важна бројката туку постапката која ја правам, а тоа е преку давањето крв да му помогнам некому на кого навистина му треба, рече една од крводарителките која сепак додаде дека двапати годишно учествува во крводарителските акции. Инаку и денешната крводарителска акција општинската организација на Црвен Крст Делчево ја организираше во соработка со републичкиот завод за трансфузиона медицина од Штип како и службата за трансфузиологија при здравствениот дом „Гоце Делчев“ од Делчево. Во петок крводарителска акција ќе се спроведе со хуманите граѓани од Македонска Каменица.

 

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна