Детската градинка „Весели Цветови“ денес започна да ги користи четирите нови занимални кои беа изградени со цел проширување на капацитетот на градинката која од постоечките 240 сега ќе може да прими 340 нови дечиња кои ќе бидат згрижени во иднина, а согласно потребите на граѓаните и она што беше ветено со програмата за работа на градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански.

Градинката Весели Цветови денес ја посети премиерот Емил Димитриев кој изрази задоволство од завршувањето на проектот со кој во голема мера се решаваат проблемите на родителите од Делчево кои имаа потреба од згрижување на своите деца. 

-Согледувајки ги потребите на граѓаните, Владата на Република Македонија само во 2016 година згрижи 1400 нови дечиња ширум градинките во државата. Тоа доволно зборува дека Владата е на добар пат за кратко време да го реши овој проблем на едно високо квалитетно ниво, особено со проектот за изградба на 140 нови градинки во државата со што во голем дел ќе се решат проблемите на граѓаните кои имаа потреба од згрижување на своите дечиња во градинките, рече премиерот Емил Димитриев.

Проектот за доградба на четири нови занимални чини 22 милиони денари од кои 2 милиони денари се обезбедени од буџетот на општината, 1 милион од детската градинка, а останатите 18,5 милиони денари се обезбедени преку заем од Светска банка. За Градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански кој проектот го вети со предизборната програма со која излезе на изборите во 2013 година, ова ќе значи решавање на огромен проблем на 100 граѓани од Делчево.

-Се надеваме дека со изградбата на овој капацитет сме решиле огромен проблем на 100 наши граѓани, што значи дека 100 наши дечиња ќе влезат во градинката, така да се надеваме и во иднина ќе ги решаваме проблемите со сместување на дечињата, се надеваме дека вкупниот број на дечиња кои чекаат во догледно време ќе биде решен целосно, истакна Шехтански кој додаде дека со министерот Ибрахими и премиерот Димитриев е разговарано и за отворање на нов капацитет за сместување на нови дечиња со оглед на фактот дека бројот на оние дечиња кои чекаат сместување од година в година е се поголем.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, упати апел до бизнисмените да ја разгледаат можноста која ја нуди Владата со која се предвидени голем рој поволности за изградба на приватни сместувачки капацитети за деца.

-Владата е посветена целосно на изградба на нови објекти, ги повикуваме и оние кои се заинтересирани да отворат приватни градинки да работат на тоа поле, показател е тоа дека во изминатиот период се отворени 21 приватна установа. Во наредниот период планираме со доделување грантови и поволности при изградбата со намалување на комуналиите до 95 посто и 1 евро метар квадратен, за откуп на земјиште да ги поттикнеме сите оние кои имаат интерес да отворат детски градинки да го сторат тоа, рече Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна