Во пресрет на 8 Март - Меѓународниот ден на жената, а во организација на активот на жени пензионери во Делчево се организираше заедничка забава на која заедно се дружеа над 100 пензионери кои уживаа во убавата македонска песна и оро.

Со своето присуство домаќините ги удостоија и припаднички на понежниот пол од здружението на пензионери од општина Карбинци кои учествуваа во заедничката акција која имаше хуманитарен карактер.

-Ние активот на жени пензионери од Делчево во пресрет на Меѓународниот ден на жената, организираме заедничка забава на која учествуваат и жени пензионери од општина Карбинци, овде сме да се дружиме и веселиме, но и да бидеме хумани со тоа што доделивме 12 пакети на лица кои претходно сме ги одбрале, исто така имаме доделено награда за најазиграна и највесела жена, на најстариот пензионер жена истотака доделивме посебна награда, рече Цвета Стаменковска, претседател на активот на жени пензионери од Делчево.

За претседателот на здружението на пензионери од општина Карбинци настанот значеше продлабочување на ионака добрата соработка меѓу двете здруженија.

-Делчевки отсекогаш се покажале како добри домаќини, така е и денес, најразиграно, највесело впрочем како што отсекогаш било кога сме во Делчево.Инаку, имаме и прекрасна соработка која од година в година се повеќе се продлабочува, впрочем тоа го покажавме кога бевме дел од манифестацијата ,,Бабина Баница", каде заеднички се дружевме а верувам така и ќе продолжиме, рече Мите Јорданов од здружението на пензионери од општина Карбинци.

За делчевските пензионерки најзначајни активности во текот на измината година биле многубројните патувања како во државата така и надвор од неа.

-Реализиравме голем број на патувања во Македонија и странство, а така ќе биде и годинава. За оваа година во план ни се неколку екскурзии во Бугарија и Србија, така што тоа е и нашата основна цел, пензионерскиот живот да го минеме во што поголема дружба и посета на значајни културно - историски знаменитости во и надвор од државата, додаде претседателката на активот на жени пензионери од Делчево.

Инаку, жените пензионерки од Делчево имаат значајна улога и во спортските активности. Тие минатата година во неколку дисциплини освоија златни и сребрени медали на државните пензионерски спортски игри во Радовиш.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна