Дека годините не се пречка да се постигнуваат завидни резултати и во подоцнежна возраст покажува примерот на пензионерот Цветко Ефтимовски од село Габрово кој веќе 20 години во како дел од здружението на пензионери од Делчево во неколку спортски дисциплини редовно освојува медали на пензионерските спортски игри кои ги организира здружението на пензионери на Македонија.

-Веќе 20 години активно учествувам на пензионерските натпревари на кои редовно постигнуваме успеси, само минатата година нашето здружение освои 12 медали, истакна Ефтимовски, кој додаде дека за освојување медали потребни се редовни тренинзи и резултатот сам по себе ќе биде неизбежен. 

Делчевското здружение на пензионери минатата година беше одличен организатор на регионалните пензионерски спортски игри, а како учесник на републичкиот натпревар од 12 медали кои минатата година ги освоија делчевци четири беа златни. 

-Од Здружението на пензионери на Македонија за минатата година добивме признание за најдобро организирани регионални пензионерски игри, истакна Моне Ѓорѓиевски, претседател на здружението на пензионери од Делчево, кој додаде дека на подоцна одржаните републички игри делчевци постигнале одличен успех освојувајки 12 медали од кои 4 златни. Најмногу успеси имаме во теглење јаже, шутирање пенали и пикадо во машка конкуренција како и табла, пикадо, шутирање на кош и стрелање во женска конкуренција, рече Ѓорѓиевски.

Инаку, годинава подготвките за следните игри започнуваат по одржувањето на завршното годишно собрание кое ќе се одржи кон крајот на идниот месец.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна