Дека германски Бретен со ништо не може да ја замени родната Бигла, покажува примерот на повратникот Зафир Васев, човекот кој сиот свој работен век го поминал во Германија, но сега родниот крај не би го менувал за ништо. Работата за Васев претставувала задоволство, тој најголем дел од работното време го поминал во познатата фабрика „Неф“, но имал познавање и од градежништвото, па во слободното време бил ѕидар.

Работејки две работи, како што вели чичко Зафир, не почувствувал кога поминал работниот век. Сега заедно со сопругата Зуја, иако живеат во Делчево, поголемиот дел од времето го поминуваат во Бигла. 

-Тука имаме преку 1000 садници, сливи, бадеми, коштани, скоро од сите насади по нешто. Природата тука на секого му дала по нешто, за разлика од Швајцарија каде со хеликоптери се носи земја на планини и се сади лозје и луѓето живеат од тоа.Тука сето тоа го има само од себе, вели Васев, кој додава дека на својот имот планира посериозни инвестиции.

-Имаме објект овде, но сакаме да го направиме како еден вид зграда за летен туризам, на запад има луѓе кои ја сакаат природата, сакаат да спијат како некогаш што се спиело на рогозина, а не на кревети и душеци и затоа во рамки на нашиот објект имаме сериозен план да направиме 3,4 апартмани каде луѓето ќе доаѓаат и ќе се потсетат на некогашното. Ваквата идеја ја добив во разговор со луѓе од Германија, кои прашуваат дали можат да дојдат овде на селски одмор.

Животот на село сега е предизвик, вели Зафир Васев кој изрази задоволство од тоа колку им се помага на земјоделците кои имаат се поголеми и поголеми можности преку субвенциите и низата земјоделски мерки кои им ги нуди државата. Овие мерки според Васев се одличен поттик и за сите останати кои имаат намера да се вратат на село. Инаку, поранешниот печалбар не заборава повторно да го посети и неговиот втор дом Бретен. Зимата е период кога повторно е на запад, но овојпат во посета на својот син Бошко кој со своите бизниси е еден од поуспешните делчевци надвор од државата.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна