Со полни 95 години, Блажо Трајановски од с.Драмче е еден од најстарите жители на Делчевско, но и редок пример на човек кој повеќе од 80 години се занимава со пчеларство. Околу 250 пчели годишно на дедо Блажо му носат принос и до 4.000 килограми квалитетен мед кој Трајановски редовно го продава на градскиот пазар во Делчево. За добар квалитетен мед според Трајановски потребна е чиста паша која е најдобра на повисоките места каде и самиот тој на повеќе места има подигнато пчеларници.

 

-Имам бројка од околу 300 пчели, но некогаш бројката се намалува, некогаш нивниот број е поголем, се зависи од многу работи. Годишно производството ми се движи од 2 до 4 илјади килограми мед кој го продавам на градскиот пазар и на трговци кои го купуваат во поголеми количини. Имам на 10 места пчеларници, но на повисоките места, таму медот е поквалитетен додека на ниските места се прска многу, рече Трајановски, кој додаде дека со пчеларство се занимава како што рече “од малечок до старина“, тоа ми е занает кој што им го пренесов и на децата, вели 95 годишниот пчелар.

Тајната за неговата долговечност е во тоа што од вкусниот мед редовно зема мала доза наутро. Токму поради тоа дедо Блажо од Драмче се надева да ја дочека својата 100 година од животот. Инаку, за вкусниот мед на Блажо Трајановски од с.Драмче се слуша надалеку. Тој во текот на минатата година беше цел на посетата на група пчелари од Англија, Турција и Холандија кои заедно со здружението на производители на органски производи „Аронија“ од Делчево спроведоа заеднички проект за размена на искуства и органско пчеларство. 

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна