Влегувањето на Република Бугарија во ЕУ во 2007 година, веќе 10 години го прави градот Делчево “мека“ за посетителите од најблиското соседство. Ниските цени на стоматолошките услуги, примамливата и евтина понуда на градскиот пазар, набавката на поевтини лекови и квалитетната домашна скара се само дел од работите кои влијаат Делчево за викенд да биде еден од најпосетуваните градови од страна на граѓаните од најблиското соседство.

Ова го потврдуваат и самите бугарски државјани кои велат дека во Делчево доаѓаат заради разновидната понуда на градскиот пазар, но и вкусната храна која ја нудат угостителските објекти.

-Ми се допаѓа, пазарот ви е доста наполнет, имате квалитетна понуда, за прв пат сум тука и ми се допаѓа, вели туристка од градот Симитли.

Некои од посетителите на Р.Бугарија во Делчево доаѓаат за да ја видат како што велат тие туристичката понуда на градот за кој велат дека е еден од најчистите кој имале прилика да го видат во рамки на нивната организирана тура низ Македонија.

-Многу ни се допаѓа, како град од она што можевме да го видиме Делчево е едно навистина уредено и чисто место, рекоа како во хор две госпоѓи од Благоевград, Р. Бугарија, кои додадоа дека во Делчево редовно доаѓаат на прошетка со своите сограѓанки.

За оние кои патувањето им е пасија посетата на Делчево беше можност да се одбере нов сувенир во богатата колекција која ја поседуваат.

-Одиме на различни места и претежно купуваме сувенири, овде кај вас гледам има евтини работи и сигурно ќе најдеме нешто за спомен, кажа посетителка од Северна Бугарија.

Вакви и слични случки може да се забележат редовно за време на пазарниот ден во градот. Но, поинтересниот дел од целата приказна за Делчево како лидер во шопинг и гастро туризмот е оној кој се случува во вечерните часови. Тоа е оној дел од денот кога однапред резервирани кафеаните се исполнети до последно место и тоа најчесто со гости од соседството. Тие задоволни од вкусните гастрономски специјалитети, зачинети со добар пијалок и одлична музика не остануваат рамнодушни на пријатната атмосвера и се враќаат повторно и повторно. За угостителите и вработените ваквиот нов правец во туризмот е нешто повеќе од обична заработка. Сликата за Делчево како град лидер во шопинг и гастротуризмот веќе 10 години е непобитен факт, останува прашањето колку таа приказна ќе продолжи да се развива и во останатите сегменти од секојдневието на Делчевци.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна