Денеска (среда 08.02.2017 година) по доставено Барање од страна на ЕЛС Делчево до Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, на терен во Делчево излезе стручна комисија на ова министерство. Целта на работната посета беше процена на функционалноста поради настанатата промена на просторните услови на детската градинка "Весели Цветови" во Делчево која е резултат на доградбата на нови 4 занимални за дечиња и дополнителни заеднички простории за персоналот кој ќе работи во истите.

Според позитивната правна регулатива за добивање на решение за употреба на ваков вид на јавни објекти неопходно е надлежното министерство да се произнесе за употребливост ан истиот, по што детската градинка ќе биде пуштена и официјално во употреба.

Членовите на комисијата не успеаа да го сокријат своето лично задоволство од постигнатите резултати и од обезбедената беспрекорна функционалност на новиот објект, при што особено беа заинтересирани и импресионирани од техничко технолошкиот процес кој е имплементиран во врска со обезбедувањето на огромна енергетска ефикасност на самиот објект и неговиот современ систем за обезбедување на топла вода за подното греење и санитерна вода во санитерните простории.

Добивањето на решението ќе следува откако истото ќе биде потпишано од страна на ресорниот министер, во најкус можен рок за што се исполнети сите техничко-технолошки и функционални предуслови на новиот објект.

Причините за досегашното доцнење за техничкиот прием и пуштање во употреба на нови-изградените простории лежи во изминатата политичка состојба во државата и активностите поврзани со Предвремените парламентарни избори во декември минатата година.

На работната посета на комисијата присуствуваше и Градоначалникот на општина Делчево, г-динот Дарко Шехтански, кој ја овозможи целокупната логистика на општината во реализацијата на изградбата на овој објект во изминатиот период.

Со пуштањето во употреба на овој нов објект на детската градинла "Весели цветови" над 100-тина дечиња кои се запишани на листата за чекање за згружување во оваа предучилишна установа, сега конечно ќе бидат примени во установата.

Ова ќе значи повеќекратен бенефит како за општината така и за самите семејства кои ќе можат порационално да си го планираат својот професионален ангажман и обезбедување на егзистенција за своите семејства.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна