Во рамки на проектот „ Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцинства “, општина Делчево активно се вклучи во изготвувањето на акциски план од неколку области за Ромите во периодот 2017-2020 како дел од активностите кои имаат за цел зајакнување на поддршката на процесите на локалната интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселените лица.

- Во проектот сме вклучени заедно со општина Берово со чии претставници работиме на претходно донесени акциски планови од повеќе области меѓу кои вработување, образование, здравство, домување како и подобрување на положбата на жената Ромка во двете општини, истакна Џулиета Мемедова од Општина Делчево која додаде дека локалните акциони планови во општина Делчево во најголем дел се реализирани.

Како што истакна Мемедова во соработка со Министерството за труд и социјална политика реализирани се голем број на проекти во делот на социјалата инклузија на децата Роми во образовниот систем а согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Владата, во Делчево реализирани се и неколку значајни инфраструктурни проекти во реоните каде што претежно живеат лица од ромска популација.

-Најголем дел од средствата за реализација на овие проекти ги добиваме согласно потпишаниот меморандум со кој се имплементира Стратегијата на Ромите, истакна Мемедова.

Инаку. проектот „ Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцинства “ се спроведува во вкупно 12 општини во државата.

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна