Слободан Димитровски е еден од ретките делчевци кој со гордост памети кој јубилеј в сабота ќе го одбележи градот Делчево. За Гоце Делчев еден од најголемите револуционери кој пред 145 години се роди во градот Кукуш, Димитровски вели:

-Гоце Делчев се борел за слободна и единствена Македонија, а колку тоа денес е така не знам, истакна делчевецот кој исто како низ магла се сеќава на моментот кога  тогашното Царево село се преименувало во Делчево.

-Тоа колку што се сеќавам се случи кон крајот на 1949 година, јас како дете едвај паметам имав негде 8 години, рече Димитровски.

Делчево името на патронот на градот го добило по ослободувањето од фашистичкиот окупатор. Во далечната 1950 година согласно одлуката на тогашниот президиум на собранието на НР Македонија, тогашното Царево село станува Делчево. Повозрасните жители меѓу кои и еден од најстарите делчевци Џевџет Мустафов вели дека порано во градот едвај нешто и да се случувало за разлика од сега кога градот кој според последниот попис брои нешто над 11.000 жители се развива и е прилично мирен град на кој единствено што му недостига како што  ни рече Мустафов е вработувањето на младите со цел намалување на трендот на иселувањето кој се бележи во последните 20 години. 

-Мирно е во Делчево, сите се познаваме и нема недоразбирање помеѓу луѓето, она што недостига е вработување за младите рече Мустафов

Мустафов го оставивме да ужива во мирната атмосфера а доколку не заборави рече дека ќе биде дел од одбележувањето по повод 145 години од раѓањето на великанот Делчев

Најчитано: Флеш- Граѓани

No result.
loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна