Во среда 01.02.2017 година, во посета на просториите на администрацијата на општина Делчево беа ученици од Основното општинско училиште "Ванчо Прќе" од Делчево, заедно со нивните наставници.

Најпрво учениците беа во посета на кабинетот на Градоначалникот на оптина Делчево г-динот Дарко Шехтански. Овде дечињата имаа можност да се запознаат со работата на градоначаlникот, она што претставува негова функција и како се станува градоначалник.

Преку прашања дечињата се интересираа за изградените детски игралишта, спортски терени, паркови, но, се интересираа и за хотел со базени, за "Џамбо"  и слични продавници со содржини за деца итн.

Некои од дечињата изразија желба и тие еден ден кога ќе пораснат да станат градоначалници.

Потоа групата дечиња ги посети различните одделенија во општинската администрација, со што исто така се запознаа со работата и функционирањето на вработените.

Оваа  посета на просториите на локалната самоуправа која беше од информативен карактер, претставува дел од наставно-воспитниот процес за доближување на институциите до најмладите во општината и нивно запознавање со функциите и надлежностите на градоначакникот и вработените.

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна