Продолжува успешната практика на искористување на европските фондови за реализација на проекти со европски пари во општина Македонска Каменица. Претставници на рударското гратче заедно со претставници на општина Белица, Р. Бугарија го потпишаа договорот за нов проект под наслов „Реставрација на објекти од историско и културно значење и заштита на материјални и нематеријални културни наследства во Белица и Македонска Каменица“.

Проектот се спроведува во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓудвете земји. - Со новодобиените финансиски средства кои се во вкупен износ од 3 милиони денари ќе се набавува нова ИТ опрема, за Домот на културата во М.Каменица, а ќе бидат организирани и неколку работилници на кои ќе се разменуваат искуства помеѓу жители од двете држави, Бугарија и Македонија, рече градоначалникот на општина М.Каменица, Дарко Митевски. Со реализацијата на овој проект значаен за жителите на Македонска Каменица општината останува лидер во регионот по бројот на искористени средства од европските фондови

Од Комисијата за следење на проектот при Општина Делчево се известуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа 2017“, проект „Подобри услуги за подобри луѓе“, да се пријават во просториите на Општина Делчево најдоцна до 27 Септември (среда).

Пријавата може да ја пополни и трето  лице во име на крајниот корисник на услугите од активноста „Грижа за стари лица“.

 Критериуми според кои ќе бидат определени 24  крајни корисници се: 

- Корисникот да не е пензионер или да прима минимална пензија,
- Корисникот да живее сам,
- Корисникот да не е во можност да ги извршува услугите кои се нудат со проектот.

Пријавите можат да се поднесат лично во просториите на Општина Делчево кај лицето Наташа Димитровска.

Врз основа на договорот за соработка помеѓу АВРМ, програмата за развој на обединетите нации УНДП и општина Делчево повторно се спроведува проектот општинско корисна работа во кој оваа година ќе бидат ангажирани 15 евидентирани невработени лица кои бараат работа. За својот ангажман лицата ќе добиваат месечен надоместок од 6200 денари во период од 6 месеци во кој период доколку се корисници на социјална помош истата нема да им биде укината.

-Оваа година во Делчево со програмата за општинско корисна работа ќе има 6 негователи на деца во детската градинка, 6 негователи на стари и изнемоштени лица, еден дипломиран психолог кој би работел со деца во Дневниот центар со посебни потреби и 2 помошници во народна кујна, истакна Билјана Прачковска, директор на Центар за вработување Делчево

Од општините во регионот проектот ќе се спроведува и во Пехчево каде ќе бидат ангажирани 15 евидентирани лица, а иста е бројката на невработените лица од М.Каменица кои ќе бидат опфатени со оваа програма.

- По завршувањето на огласот лицата ќе бидат селектирани најдоцна до понеделник а нивното знгажирање ќе започне од 1 октомври, додава Прачковска.

Инаку во општините Делчево и М.Каменица моментално работа бараат 2934 лица. од нив 1088 се активни баратели на работа додека пасивни баратели има вкупно 1846 лица.

Jавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ Делчево преку проект на Источно-планскиот регион наскоро ќе го поднови возниот парк со нови возила. Станува збор за 77 возила за собирање и транспортирање на отпадот кои подеднакво ќе бидат распределни во 6 општини од источниот регион за чии јавни претпријатија исто тка епредвидено набавка и на вкупно53.600 канти за одделување на различните видови отпад. Како што истакна директорот на ЈПКД „Брегалница“ Делчево, Дарко Гоцевски, колку и какви видови на возила ќе добие делчевското јавно претпријатие ќе се знае откако ќе заврши тендерто за избор на најповолен понудувач.

-Во процедура сме на добивање возила преку програмата на Источно - планскиот регион, проект работен преку претпристапниот фонд ИПА на Европската Унија, така да треба да биде распишан тендерот за набавка на возила и канти. Во овој проект ќе бидат вклучени 6 градови од источниот регион меѓу кои Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Свети Николе. Тоа се возила за собирање и транспортирање на смет како и багерии други возила. Со овој проект исто така планирана е и набавка на 53.600 канти за одделување на сметот и вкупно 77 камиони. Вредноста за набавка на возилата и кантите за отпадоци е 26,7 милиони евра, истакна директорот на делчевското јавно претпријатие, Дарко Гоцевски.

Освен набавката на нои возила за Делчево според директорот Гоцевски, најважно е тоа што во рамки на регионализацијата на локалните депонии наскоро се очекува и решавање на проблемот со постоечката депонија за која согласно проектот за регионални депонии комуналниот отпад од Делчево ќе биде собиран и транспортиран до регионалната депонија во Ранковце.

- Единствено решение да се затвори градската депонија е комуналниот отпад да се транспортира на централна постапка. По нашите мерења во Делчево станува збор за некаде околу 15 тони неселектиран отпад меѓу кој пластика, метал, стакло, отпад кој се собира на ниво на Делчево и селата кои ги опслужуваме а кој ќе биде транспортиран до споменатата локација.

Во Делчево вчера (понеделник 18.09.2017) се одржа првата обука наменета за членовите на Локалното коориднативно тело кое во наредниот период согласно активностите за имплементација на Стратегијата за Ромите ќе работи на зајакнување на капацитетите во 4 области:
-Стратешко планирање;
-Генерирање фондови;
-Мониторинг и евалуација и
-Партиципативно буџетирање.

-Локалното координативно тело во Делчево е формирано во 2017 година.Тоа имаше за цел креирање на локалните акциони планови во споменатите 4 области заедно со претставници од Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување, Член на КХАМ, Член на Тернипе МК , а јас како координатор на мојата иницијатива ги вклучив и претставници од ОЈУДГ „Весели Цветови“ и ООУ “Св.Климент Охридски“, се со единствена цел, а тоа е поголемата вклученост на институциите, поголемо запознавање со обврските и целите на тоа локално коориднативно тело за да можат да ги имплементираат политиките кои што се однесуваат за Ромите на локално ниво, изјави локалниот координатор Џулиета Мемедова.

Ова е првата од неколкуте предвидени работилници кои се спроведуваат 12 општини во Македонија во кои значителен број на ромско население и каде веќе се формирани локални акциски групи.

Идејата за овие работилници потекна од минатата година кога на едно место во Скопје се собраа претставници од сите локални заедници, односно претставници на ромските медијатори, здравствени медијатори од РИЦ- овите и од Националното координативно тело и се утврди дека во одредени општини постојат недостатоци односно не постои соработка за одредени прашања, во некои општини има поклопување на ингеренциите.
Во текот на изминатата година ЕПТИСА заедно со Министерството за труд и социјална политика ги формираа локалните координативни тела и овој проект доаѓа на некој начин како надоврзување на активностите за поддршка на имплементацијата на Националната стратегија односно овој проект е во насока на јакнење на капацитетите на локалните координативни тела поаѓајки од надлежностите на истите. Според Националната стратегија тие имаат надлежности и за стратешко планирање и да учествуваат во подготовката на буџетите на локално ниво што се однесуваат на имплементација на акциските планови, треба да го мониторираат процесот на реализација меѓутоа од друга страна сакаме да ги зајакнеме нивните капацитети, бидејки и тие ќе бидат предмет на монитроинг од други институции во однос на тоа како ја спроведуваат својата работа, истакна Гордана Несторовска во својство на обучувач на денешната работилница.

 

Поволните хидрографски карактеристики на општината Делчево во голема мера се значаен предуслов за развивање на зголемена стопанска дејност, како и опстојување и развој на населените места. Ваквата состојба е значаен но не и доволен предуслов за развој на општествениот живот на овие простори. Секако своја доминантна улога имаат и повеќе други општествени активности пред се под влијание и директна завосност на институциите на локално и национално ниво.

За свртување на вниманието на целокупната Македонска јавност особено пред одржувањето на локалните избори, сакаме да го реафирмираме фактот на постоење на богат хидроенергетски потенцијал на Делчевската котлина, кој доколку стратешки се искористи може да му донесе целосен препород на оваа општина.

Политичките чинители на локално и национално ниво мора да изнајдат начин ваквата поволност и природно богатство токму во хидролошкиот потенцијал да го стават во фумкција на локалниот економски развој и напредок на граѓаните преку обезбедување на нови работи места.

Во прилог на оваа теза оди и еколшката поволна состојба која за разлика од други региони на државата се на далеку повисоко ниво, главно поради непостоењето на голема загадувачка индустрија, па оттука Делчево и околниот микрорегион претставува погодно подрачје за развој на зелени бизниси на локалната економија.

Хидрографски карактеристики


Потеклото на Пијанец е тектонско. Според геоморфолошките испитувања на Б.Ж Милоевиќ, Цвиииќ и други научници уште во Палеоген котлината Пијанец претставувала посебна долина одвоена од Кочанската и Малешевската. Растроените, превртени и набрани палеогенски седименти укажуваат дека во Предплиоценот настанеле силни тектонски движења, односно, спуштање на теренот меѓу овие котлини и како резултат на тоа се создал горниот тек на долината Брегалница.

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна