Дека годините не се пречка да се постигнуваат завидни резултати и во подоцнежна возраст покажува примерот на пензионерот Цветко Ефтимовски од село Габрово кој веќе 20 години во како дел од здружението на пензионери од Делчево во неколку спортски дисциплини редовно освојува медали на пензионерските спортски игри кои ги организира здружението на пензионери на Македонија.

Дека германски Бретен со ништо не може да ја замени родната Бигла, покажува примерот на повратникот Зафир Васев, човекот кој сиот свој работен век го поминал во Германија, но сега родниот крај не би го менувал за ништо. Работата за Васев претставувала задоволство, тој најголем дел од работното време го поминал во познатата фабрика „Неф“, но имал познавање и од градежништвото, па во слободното време бил ѕидар.

Со полни 95 години, Блажо Трајановски од с.Драмче е еден од најстарите жители на Делчевско, но и редок пример на човек кој повеќе од 80 години се занимава со пчеларство. Околу 250 пчели годишно на дедо Блажо му носат принос и до 4.000 килограми квалитетен мед кој Трајановски редовно го продава на градскиот пазар во Делчево. За добар квалитетен мед според Трајановски потребна е чиста паша која е најдобра на повисоките места каде и самиот тој на повеќе места има подигнато пчеларници.

Најголемата љубов е онаа која ја буди душата и те тера да се бориш за повеќе.

Oнаа која разгорува оган во срцето, но носи мир во мислите.

Влегувањето на Република Бугарија во ЕУ во 2007 година, веќе 10 години го прави градот Делчево “мека“ за посетителите од најблиското соседство. Ниските цени на стоматолошките услуги, примамливата и евтина понуда на градскиот пазар, набавката на поевтини лекови и квалитетната домашна скара се само дел од работите кои влијаат Делчево за викенд да биде еден од најпосетуваните градови од страна на граѓаните од најблиското соседство.

Денеска (среда 08.02.2017 година) по доставено Барање од страна на ЕЛС Делчево до Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, на терен во Делчево излезе стручна комисија на ова министерство. Целта на работната посета беше процена на функционалноста поради настанатата промена на просторните услови на детската градинка "Весели Цветови" во Делчево која е резултат на доградбата на нови 4 занимални за дечиња и дополнителни заеднички простории за персоналот кој ќе работи во истите.

Во рамки на проектот „ Локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцинства “, општина Делчево активно се вклучи во изготвувањето на акциски план од неколку области за Ромите во периодот 2017-2020 како дел од активностите кои имаат за цел зајакнување на поддршката на процесите на локалната интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселените лица.

Reevolucionerlogo4
-"Идеалите на Гоце Делчев, чувството и борбата за слобода на неговите современици но и следбеници се доволна потврда за самобитноста и посебноста на нашиот народ во еден историски континуитет кој во денешно време некои странски сили сакаат да ни го избришаат. Сакаат да ни го одземат името, да ја обезличат државата.
Ваквата борба за слобода чиј што предводник беше Гоце Делчев, и денеска продолжува, во современи услови да се води, по демократски пат, со моќта на вистината и говорот на фактите."
Затоа денеска на овој светол јубилеј можам да порачам да престанат сите поделби!...

Целата порака по повод овој значаен јубилеј прочитајте ја на блогот на авторот: Рееволуционер

"Потчинувањето на еден народ започнува со подароци! Богати подароци кои со себе носат скриена порака. Досегашното искуство во историјата на нашиот народ говори за многи "подароци" кои ни се дадени, секогаш придружувани со пропратна скриена агенда, која има за цел да не потчини како народ и држава.

Во среда 01.02.2017 година, во посета на просториите на администрацијата на општина Делчево беа ученици од Основното општинско училиште "Ванчо Прќе" од Делчево, заедно со нивните наставници.

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна