Во продолжение статусот превземен од фејсбук:

Организацијата „Rêves de Gosse“ (Детски сон) и Европската вселенска агенција, им го овозможиле ова незаборавно искуство на неколку дечиња со попречен развој од 5 европски земји. Во леталото се наоѓаат 8 дечиња и 2-ца возрасни. Уживајте во неверојатното видео.

Карикатуристот Никола Ангелкоски од поодамна не својата фејсбук страна излегува со свои лични коментари во врска со актуелни случувања во нашата држава.

Во последниот негов коментар тој започнува со коментар посветен на Ацо Рембрант (Ацо Станковски како што тој го нарекува својот колега од студенските денови на факултетот за ликовни уметност. 

Продолжува со негов личен коментар во однос на специфичните состојби во областа на културата кои се од поодамна присутни под Македонското небо. На крај завршува со еден свој личен впечаток кој навлегува во егзистенцијализмот на еден врвен уметник како што е сликарот Никола Ангелкоски.

Прочитајте го коментарот во продолжение кој што е во целост превземен од неговата фејсбук страна.

Хуманите граѓани подарија над 30 крвни единициво рамки на редовната крводарителска акција, досега од почетокот на годината бројот на собрани крвни единици изнесува над 350. Денешната акција беше во организација на ОО Црвен Крст Делчево во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип и центарот зза трансфузиологија при ЈУ Здравствен дом Гоце Делчев од Делчево.

Погледнете го прилогот во продолжение:

Има моменти во животот кога срцето, душата, телото, сите сетила, целокупното човечко материјално и духовно битие се претвараат во нешто повеќе од живот.

Тоа нешто е призвук на вечност, светлина која бескрајно талка по универзумот за да дојде на вистинското место во вистинското време.

Местото е Македонија, а времето е сега!

Почитувани наши читатели, она што може да биде кажано за видео клипот во продолжение, ќе биде многу малку во споредба со она што тој навистина претставува!

Погледајте го, споделете го, плачете, ежете се, препотувајте се.... 

Понесете го со себе и живејте го.

Има еден свет збор од памтивек-Македонија!

 

Денешниот ден во Делчево иако државен празник, поминува во траорна тага и сурова болка на цело Делчево, чии што граѓани сеуште се во неверување на смртоносниот исход од вчерашната сообраќајна незгода на регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица.

Во сообраќајната несреќа со катастрофални последици животот го загуби младо тричлено семејство, кое за празникот требаше да си биде дома во родното Делчево.

Нема зборови со кои можеме да ја искажеме својата длабока потресеност од овој суров настан за сите граѓани на Делчево.

Погребот ќе се изврши во 16.00 часот на градските гробишта во Делчево.

Загубата е огромна за цел град а најмногу за семејството, пријателитие и блиските.

Почивајте во мир Дејан. Емилија и Даријан.

Во Делчево на пригоден начин денеска беше одбележан 11-ти Октомври- Денот на востанието на Македонскиот народ.

За таа цел во организација на општина Делчево и градоначалникот Дарко Шехтански пред споменикот на паднатите борци од НОВ и ПОМ во центарот на градот, беше прочитан пригоден реферат и положени букети со свежо цвеќе од страна на претставници на институции, политички партии, граѓанскио организации и останати граѓани.

ozio_gallery_nano

Хемизацијата на почвата и сушата како дел од климатските влијанија се едни од најчестите фактори кои во последните неколку години придонесоа за загрозување на здравствениот билтен на пчелните семејства. Спасот за излез од ваквата состојба пчеларите го гледаат во зголемување на бројот на медоносни култури кои ќе придонесат за поголем принос на пчелата.Студот истотака влијаеше за енормна смртност на пчелите што пак придонесе за намален принос на мед кој годинава руши негативни рекорди само 2 до 4 килограми произведен мед по пчелно семејство. Ова го вклучи алармот кај пчеларите кои се погласно размислуваат за одгледувањето зимска пчела како дел од стратегијата за подобрување на ваквата состојба.Пчеларите од Пијанечко - Благоевградскиот регион кои ги мачат слични проблеми заеднички во Делчево ги договараа чекорите за спас на пчеларството. Инаку здружението Пијанечка Пчела 2 која беше организатор на настанот моментално брои 70 пчелари додека во Пијанечко бројката на пчелари изнесува над стотина.

Околу 20 грла на добиток препуштени сами на себе како преку ден, така и во текот на ноќта, прават вистинска опасност на патот Каменица Кочани.

Опасноста е дотолку полоша заради непреглениот терен и лошите услови на патот. Кравите најчесто може да се забележат кај месноста Драки и во тој дел се препорачува доста внимателно возење.

Загрозени возачи и загрижени граѓани често реагираат до надлежните органи, но до сега нема никаква реакција во насока за решавање на овој секојдневен проблем.

Во населените места максималната дозволена брзина ќе биде 50 километри на час, а не 60 како досега. Ова е предвидено со најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои стапуваат во сила денеска.Измените предвидуваат и други новини кои се однесуваат не само на граѓаните, туку и на правните лица, велосипедистите, таксистите,… Со нив воедно, постојното законско решение се усогласува со Законот за прекршоци и со европската регулатива.

Човечки череп и коски најдени се во местото Црвен Брег, во близина на депонија за градежен отпад во Берово.

Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера околу 14:30 часот во Полициската станица Берово, А.С. (43) од Германија, со престојувалиште во Берово, движејќи се во местото „Црвен Брег“, во близина на депонија за градежен отпад, забележал дел од череп кој наликувал на човечки.

По вчерашниот извршен увид од екипа од ПС Берово во непосредна близина пронајдена била и вреќа во која имало коски кои наликувале на човечки. Коските биле подигнати од местото на настанот од страна на увидна екипа од ПС-Берово за понатамошна постапка.

Најчитано: Флеш- Граѓани

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна