Сума:
loading...

Ракометниот клуб Делчево на домашен терен претрпе убедлив пораз од Ракометниот клуб Вардар Неготино во неделниот првенствен дуел во македонската прва лига.

Екипата на РК Вардар Неготино ја имаше целосната контрола над поседот на топката, играта и темпирањето на кондицијата на своите играчи.

Првото полувреме заврши со 15 спрема 7 во корист на гостинската екипа, додека резултатот на крајот на натпреварот беше 30 спрема 23 за РК Неготино.

Во екипата на РК Делчево евидентен беше недостигот на енергичност и цврстина во одбраната што резултираше со голема ефикасност на гостинските напаѓачи од сите позиции. Забележетелен беше учинокот на голманот на РК Делчево, кој се издвои со својата индивидуалност на одбрана во домашната екипа. Нивото на кондиција во втората полиовина од второто полувреме драстично падна кај домашната екипа што дополнително влијаеше на играта и резултатот.

Неповолниот резултат не влијаеше на расположението на големиот број на публика во спортската сала во Делчево, што дополнително говори за фактот за големата желба и потреба за спортски натпревари и натпреварувачки дух во Делчево.

Натпреварот се одигра во спортската сала при СОУ ММ Брицо во Делчево со почеток во 15.00 часот.

Наредниот натпревар екипата на РК Делчево го игра со екипата на РК Струга на гостински терен. 

 

 

За авторот на оваа статија:
Super Admin
Author: Super AdminWebsite: http://www.reevolucioner.blogspot.comEmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сопственик на порталот, администратор, развој на концепт, дизајнер, фотограф, автор на текстови.
Краток опис:
Катализатор за успешна реакција на котелот наречен современие.
Други најнови статии од авторот:

Наши пријатели

loading...
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна