Уметноста е моќна алатка која ги инспирира луѓето на дневна база и нѐ потсетува колку навистина светот е убав и разновиден. За жал, често немаме доволно пари или време да ги посетуваме музеите ширум светот и да уживаме во уметничките ремек-дела од минатите векови.

loading...

Но, за среќа постои едно решение кое без сомнение ќе ви се допадне. Неверојатниот проект „Google Art“ ни нуди виртуелни тури низ најзначајните светски музеи. Па, ајде да започнеме со најинтересните.

1. Музејот на модерна уметност во Њујорк

Овој познат музеј е еден од најпосетените во светот. Но без разлика на името, во него не се изложени само современи уметнички дела. Највредните дела во колекцијата ги вклучуваат „Ѕвездена ноќ“ од Винсент ван Гог и „Надеж II“ на Густав Климт. Виртуелната тура ни овозможува и детално разгледување на невообичаените изложби кои вклучуваат оригинални костими, фотографии, постери, скулптури и многу други дела.

2. Националната Галерија во Лондон

Овде лесно можете да го поминете целиот ден без воопшто да ви стане досадно. Светски познатата колекција во музејот опфаќа уметнички дела од 13-от до 20-от век. „Мадона на карпите“ од Леонардо да Винчи и „Венера и Марс“ од Сандро Ботичели се само дел од најзначајните слики изложени овде.

3. Старата национална галерија во Берлин

Овој германски музеј е дом на голема колекција дела од 19-от век, која ги покрива сите главни стилови, вклучувајќи го класицизмот, романтизмот, импресионизмот и раниот модернизам. Особено вредни за споменување се следните дела: „Во конзерваториумот“ од Едуард Мане, „Бранот“ од Густав Курбе и „Монах покрај морето“ од Гаспар Дејвид Фридрих. Можете да направите виртуелна тура низ сите соби од музејот, а интересно е што на некои од изложените дела им недостасува потпис.

4. Версај

Благородничката висока класа е очигледна насекаде низ овој музеј. Со виртуелната тура не само што ќе имате шанса да уживате во славните слики, меѓу кои се и „Смртта на Марат“ од Жак-Луј Давид, „Ребека и Елизе“ од Паоло Веронезе и „Херкул и Телефус“ од Жан-Баптист Жувене, туку исто така ќе имате можност да видите и како се менувала една од најлуксузните палати во светот низ вековите.

loading...

5. Државната галерија Третјаков

Вљубениците во уметноста овде ќе ја најдат најголемата колекција дела која е посветена на руските уметници. Меѓу позначајните дела се „Црното море“ од Иван Ајвазовски, „Смарагден ѓердан“ од Виктор Борисов-Мусатов, „Девојката со праските“ од Валентин Серов и „Дамата во сино“ од Константин Сомов.

6. Националната галерија на модерна уметност во Индија

Посакувате да знаете нешто повеќе за индиската уметност? Виртуелната тура низ овој музеј е одлична можност да се запознаете со комплетно различна култура. Галеријата не е дом само на дела од индиски уметници, туку и на слики од европски мајстори кои работеле во Индија. Често споредувана со Фрида Кало, индиската сликарка Амрита Шер-Гил дефинитивно го заслужува вашето внимание.

7. Галеријата Уфизи во Фиренца

Денес ова е најпосетуваниот музеј во Италија. Вие едноставно со часови можете да гледате во ремек-делото на Сандро Ботичели – „Раѓањето на Венера“. Заедно со многу други ремек-дела, оваа галерија е дом на славни слики како „Благовештението“ и „Обложувањето на мудреците“ од Леонардо да Винчи, „Флора“ од Тицијан и „Музикалниот Ангел“ од Росо Фиорентино.

8. Музејот на Ван Гог

Ако ви се допаѓаат холандските пост-импресионистички слики, овој музеј е токму тоа што ви треба. Патем, во овој музеј нема да ги најдете само сликите и цртежите на Винсент ван Гог (како што се „Сончогледи“, „Јадачите на компири“ и „Спалната соба во Арл“) туку и дела на негови пријатели и современици, како на пример, Пабло Пикасо и Пол Гоген.

9. Музејот Реина Софија

Ова не е само неверојатен музеј, туку и библиотека со многу книги. Галеријата е дом на најважните слики од авангардниот уметник Хуан Грис („Шишето од Анис дел Моно“, „Отворениот прозорец“ и „Виолина и гитара“). Сепак најважниот експонат во музејот сѐ уште е „Герника“ од Пабло Пикасо.

10. Тејт Британија

Овде можете да научите скоро сѐ за британската уметност. Тејт Британија е музејот каде што се чуваат британските уметнички дела од 14-от век, па до денес. Направете виртуелна тура и видете ги делата „Офелија“ од Сер Џон Еверет Милајс, „Ноктурно“ од Џејмс Вислер и „Снежна бура“ од Вилијам Тарнер.

loading...

Најчитано: Флеш- Актуелни вести

loading...

Наши пријатели

Наша анкета

Какви се Вашите очекувања од 2018 година?
Go to top

Потребен е LIKE на нашата фејсбук страна